Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Внуците на Карл Густав без кралски статус

Hans_Chr/Bigstock.com

Внуците на Карл Густав без кралски статус

Шведскиот крал Карл Густав одлучи да го укине досегашниот кралски статус што го имаа неговите внуци, практично намалувајќи го бројот на членовите на кралското семејство. Ваквата мерка која е неочекувана, но сепак не претставува изненадување, е донесена од финансиски причини – за да се намалат давачките од буџетот на Шведска за издржување на кралското семејство.

Медиумите во Стокхолм објаснуваат дека Карл Густав, кој со сопругата, кралицата Силвија, имаат три деца – две ќерки и син, со својата одлука го укинува статусот  „кралски височества“ на сите пет внуци. Тие ќе останат и натаму принцови и принцези, или војводи и војвотки – но кога ќе пораснат нема да извршуваат никакви кралски обврски.

Преведено на економскиот јазик, за овие деца кои сега се на возраст од 1 до 5 години, повеќе нема на годишно ниво  да се издвојуваат буџетски пари за нивниот „џепарлак“, означен како апанажа, која инаку му следува на целото кралско семејство.

Ваквата мерка не важи само за наследниците на првата ќерка на кралот Густав, принцезата Викторија, која е престолонаследник на кралството Шведска.

Станува збор за нејзината ќерка Естела (која кога мајка и ќе стане шведска кралица, таа ќе биде новата престолонаследничка) и за нејзиниот помлад брат, принцот Оскар. Кралскиот статус се укинува само за децата на братот на Викторија, принцот Карл Филип (40) и за помалата сестра, принцезата Маделин (37).

Шведска уште во 1980 година, со посебен кралски закон, одлучи престолонаследникот на шведскиот престол да не биде првото машко дете, па статусот на претендент на тронот да оди по машка линија, туку претендент да биде првото дете што ќе се роди во бракот, без разлика на полот. Во случајот, затоа принцезата Викторија е престолонаследник, а не нејзиниот брат, кој е роден втор во бракот на Карл Густав и кралицата Силвија.

Родителите на децата кои остануваат без кралскиот статус со одобрување ја прифатија ваквата одлука на кралот, нивниот татко. Во изјави за социјалните мрежи, тие имаат речено дека станува збор за добра мерка, која е од интерес за децата. Според родителите, кога децата ќе пораснат, ќе можат да водат свој, приватен живот и нема да се формираат како привилигувани личности, односно дека ќе имаат слободен избор во животот.

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Екстра Глобал

Горе