Поврзете се со нас

Skopje Global

Европа/ЕУ

Италијанскиот Парламент со помалку пратеници и сенатори

N.Forenca/Bigstock.com

Италијанскиот Парламент со помалку пратеници и сенатори

Италијанскиот Парламент со големо мнозинство гласови усвои закон со кој се намалува бројот на пратениците и сенаторите, од сегашните вкупно 945 членови на двата парламентарни дома, на 600. Намалувањето на пратениците и сенаторите е мерка донесена за заштеда на јавните трошоци од буџетот на Италија, која продолжува да биде една од најзадолжените земји во Европа.

На овој начин италијанската држава секој ден ќе заштедува по 300 илјади евра, или преку една милијарда евра во следните десет години.

Според новиот закон, Долниот дом наместо сегашните 630 пратеници, во иднина ќе има 400, додека кај сенаторите наместо 315 ќе има 200 сенатори. Тоа и понатаму не е малку, затоа што, на пример, Сенатот на САД, има само 100 членови, но на ова намалување на бројноста на Парламентот , во Италија се чека повеќе од 30 година.

Толку години траат настојувањата на рационалните луѓе во земјата да се намали бројот на пратениците и сенаторите, не од политички, туку од економски причини, за да се заштедат парите на италијанските даночни обврзници. А, тоа не се малку пари- годишната плата на еден пратеник изнесува 230 илјади евра, а не сенаторите 250 илјади. Со намалената бројност, Парламентот и државата, од трошоците за пратениците, годишно ќе заштедуваат по 53 милиони, додека од давачките за сенаторите, по 29 милиони евра.

Усвојувањето на еден ваков закон, по толку години чекање, во Рим се смета за голема политичка победа на Движењето Пет ѕвезди, на Луиџи ди Мајо, сега министер за надворешни работи, во новата коалициска влада во Италија. Оваа влада беше создадена заедно со Демократската партија, по неуспешниот обид на ултра-десничарот Матео Салвини , во август годинава, да ја собори владата во која беше заменик премиер, да испровоцира нови избори, во настојувањето тој да стане стане премиер.

Неговиот обид за пуч не успеа, па Ди Мајо, при формирањето на новата коалициона влада, одново побара донесување закон за намалување на бројноста на Парламентот, што беше и едно од предизборните ветувања уште за претходните избори.

Новиот закон стапува во сила веднаш, но ќе може да се реализира со следните парламентарни избори, што според редот треба да се организираат во 2023 година.

Италијанскиот Парламент беше вториот во Европа според бројот на пратениците и сенаторите. Поброен е само британскиот Парламент кој има 1425 членови- пратеници во Долниот дом и лордови и други членови на Горниот дом.

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Европа/ЕУ

Горе