Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Џејн Фонда уапсена на протест

Denis Makarenko/BigStock.com

Џејн Фонда уапсена на протест

Американската актерка и холивудска ѕвезда од постарата генерација Џејн Фонда беше уапсена пред зградата на Конгресот на САД во Вашингтон, протестирајќи со група истомисленици за потребата од покренување поенергична борба со климатските промени.

„Полицијата на Конгресот уапси 16 лица (меѓу нив и Фонда) за незаконски протест кај источната страна на зградата„ – објави безбедносната служба, објаснувајќи дека сите уапсени се обвинети за „неовластено собирање, за попречување и за правење неред“.

Телевизиските репортери од местото на настанот прикажаа како 82 годишната оскаровка и познат хуманитарец и активист во борбата за човековите права, Џејн Фонда полицијата ја одведува од местото на протестот, со лисици на рацете.

Таа самата подоцна има речено: „Вакви работи ми се случуваа и порано (во седумдесеттите години на 20 век, во текот на демонстрациите против војната во Виетнам). Сега не можат повеќе од ова да ми направат. Не можам повеќе било што да загубам“.

Протестот бил изведен намерно на место на кое тоа е забрането, за да биде уапсена со другите еколошки активисти, со цел да се покрене американската јавност да го изрази своето несогласување за климатските промени, но и за други состојби во американското општество. Со протестот пред зградата на Конгресот, Фонда и другите активисти настојуваат да ги мотивираат конгресмените да донесат закони кои ќе помогнат да се спречи ерозијата на Планетата поради климатските промени.

Џејн Фонда за целата оваа своја активност се преселила во Вашингтон од Лос Анџелес, каде постојано живее, на четири месеци, за да може активно да биде вклучена во протестите.

Таа е актерка во десетици филмови во нејзината богата филмска кариера. Добитник е на наградата Оскар и на низа други филмски награди.

Џејн е дел на филмското семејство Фонда – ќерка на некогашната ѕвезда на Холивуд, Хенри Фонда, сестра на веќе починатиот Питер Фонда и тетка на актерката Бриџет Фонда.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Екстра Глобал

Горе