Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Тајландскиот крал без кралската придружничка

ideation90/BigStock.com

Тајландскиот крал без кралската придружничка

Кралот на Тајланд со посебен декрет ја казнил кралската придружничка, што во пракса претставува втора сопруга, одземајќи и ја оваа титула (!?) и нејзиниот офицерски чин, обвинувајќи ја за нелојалност – пренесуваат светските медиуми. Таа е обвинета дека не му била лојална на кралот и била користољубива, во настојувањето да ја „поткопа позицијата“ на неговата прва, законска сопруга и официјално, тајландска кралица.

Кралот Ваџиралонгкорн, кој има 67 години, се одлучил да ја тргне од кралската палата, придружничката, само по три месеци откако таа била именувана на оваа позиција. Поставувањето на 34 годишната Синанатри Вонгварџирабхакди за кралска придружничка во Бангкок е протолкувано како знак дека актуелниот крал се враќа кон старата традиција, уште од времето на некогашниот Сиам, кралот да може да има повеќе од една жена.

Локалните медиуми тврдат дека таа се спротивставила кога кралот одлучил, да се ожени со својата долгогодишна партнерка, а потоа и да ја прогласи за кралица на Тајланд. Двајцата се венчаа во мај годинава, само неколку денови пред тој да биде крунисан.

И кралицата која има 41 година и назначената, па набргу потоа, тргнатата кралска придружничка, пред тоа, биле дел од кралската гарда, задолжена за безбедноста на кралската палата. И двете имаат високи офицерски чинови и според медиумите – и двете се убави жени.

Тајландскиот крал, претходно, на три пати се женел, но сите тие бракови пропаднале.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Екстра Глобал

Горе