Поврзете се со нас

Skopje Global

Свет

Ал Багдади идентификуван по долната облека

Nomad Soul/BigStock.com

Ал Багдади идентификуван по долната облека

Лидерот на озлогласената, џихадистичка и терористичка организација Исламска држава (ИД) Абу Бакр ал Багдади кој бегајќи од американските специјалци, се самоуби како бомбаш-самоубиец во еден од тунелите на неговото скривалиште во сириската област Идлиб, бил идентификуван со помош на неговата долна облека – тврди висок функционер на курдската милиција.

Според некои арапски медиуми, долната облека, претходно била украдена од таен курдски шпион, вметнат меѓу џихадистите на ИД, со намера да се користи за ДНК тестови, кога Ал Багдади ќе биде фатен и убиен.

Полат Кан, функционер на сириските Курди на својата интернет страница открива дека токму курдските разузнавачки оперативци им помагале на Американците, прво да лоцираат каде се крие водачот на ИД, а потоа и да можат да го идентификуваат неговото тело.

„Преку наши извори, дознавме за тајно земената долна облека, со чија помош и преку анализите, можеше 100 отсто да бидеме сигурни дека телото најдено во тунелот е навистина на Багдади” – објаснува Кан. Тој открива дека Курдите тесно соработувале со ЦИА околу операцијата за откривање и фаќање на Багдади, како и дека работите биле забрзани откако се разбрало дека лидерот на ИД, со неговата придружба се подготвува да ја напуштат локацијата покрај сириско-турската граница и да побара нова локација.

Кан објаснува дека курдскиот шпион ги испраќал координатите и ги насочувал американските хеликоптери вклучени во воздушните напади. „На тој начин, овој човек директно учествувал во операцијата и направил се што било потребно таа целосно да успее“ – пишува Кан на својата интернет страница.

Од него сега се разбира дека операцијата започнала уште на 15 мај, како и дека Курдите биле во тесна соработка со американската разузнавачка агенција, надгледувајќи го сосема одблизу Ал Багдади и неговото движење, со што практично, го знаеле секој негов чекор.

По идентификацијата, Ал Багдади, како и Осама Бин Ладен пред осум години, бил погребан во море, за да нема никаков знак за неговото постоење, откако претходно била дозволена верска служба, според муслиманските обичаи.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Свет

Горе