Поврзете се со нас

Skopje Global

Европа/ЕУ

Макрон ги навреди Бугарите

bibiphoto/BigStock.com

Макрон ги навреди Бугарите

Официјална Софија вложи и формален протест до Париз, преку амбасадорот на Франција во Бугарија, по повод изјавата на францускиот претседател Емануел Макрон за „бугарските банди“ кои делуваат на француската територија и за „илегалните активности“ (на Бугарите). За бугарската влада, ваквите зборови на Макрон претставуваат „навреда за сите Бугари“.

Станува збор за едно интервју кое францускиот претседател го има дадено за еден локален десничарски весник и во кое тој зборувал за состојбите со миграцијата во земјата и ја објаснувал француската миграциска политика.

„Повеќе сакам да имаме илегална, но регистрирана миграција, врз основа на определени квоти во текот на „икс“ години, отколку да се соочуваме со илегални активности. Повеќе сакам да имаме луѓе кои илегално се дојдени од Гвинеја Бисао, или Брегот на Слоновата Коска, кои доаѓаат овде во Франција за да работат, наместо бугарските, или украинските банди“ – рекол Макрон.

Ваквата квалификација на францускиот претседател, предизвика гнев во Софија. Бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева изјавила дека станува збор за „навредлива изјава за целата бугарска заедница која живее и работи во Франција“.

Бугарскиот премиер Бојко Борисов разговарал по телефон со претседателот Макрон околу овој „инцидент“ и подоцна за домашната јавност рекол дека Бугарија морала така да реагира, но веднаш потоа, официјална Софија ја има ублажено својата, дотогаш, налутена реторика. Самиот Макрон, пак, целата работа и лутината на бугарската страна ја објаснил со тоа дека бил „погрешно интерпретиран“.

Така или не, кусо трајната „расправија“ меѓу Софија и Париз, како и самото интервју на Макрон, па уште за десничарско гласило, оставаат „горчлив вкус“ и подалеку од Бугарија. Без да се оправдува бугарското криминално подземје во Франција, претседателот Макрон покажува дека има различни стандарди околу миграцијата. Едниот, кога станува збор за „илегалци- мигранти“ од франкофонските земји во Африка, а другиот за оние од Источна Европа.

Своето приближно исто критичко позиционирање кон луѓето од Источна Европа, сега државјани на ЕУ, францускиот претседател го има прикажано и на последниот Самит на ЕУ во Брисел, оној на кој само тој не прифати Република Северна Македонија и Република Албанија да добијат датум за почеток на пристапните преговори со Унијата.

„Откако се сместија во ЕУ, сега тие (источноевропските членки) канат и свои другарчиња во Унијата“ – рекол Макрон, според дипломатски извори кои ги пренесоа некои европски медиуми.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Европа/ЕУ

Горе