Поврзете се со нас

Skopje Global

Европа/ЕУ

Кипар одзема државјанствo на странски инвеститори

beast01/Bigstock.com

Кипар одзема државјанствo на странски инвеститори

Кипарската влада најави одземање на пасошите што претходно им ги има доделено на 26 странски инвеститори. Сите тие станале Кипрани и добиле пасош на оваа островска држава, членка на ЕУ, само затоа што префрлиле пари и ги вложиле во делови од кипарската економија.

Министерството за внатрешни работи во Никозија соопшти дека се воведуваат многу построги критериуми при доделувањето на (вакви) пасоши, како и тоа дека ќе се преиспитаат сите странски инвеститори кои имаат добиено пасош (претходно и државјанство) пред 2018 година.

Властите не информираат за кои инвеститори станува збор, но локалните медиуми тврдат дека пасошите ќе им бидат одземени  на државјани од Русија и од Кина, како и на инвеститори од Малезија, Камбоџа, Ирак и од Кенија.

Од 2013 година, кога се почнало со издавањето на ваквите, популарно наречени, „златни“ пасоши, па  до сега, биле издадени околу четири илјади парчиња. На овој начин, кипарската држава и нејзината економија дошле до седум милијарди евра. Инвеститорите, пак, практично си купиле пасош на Кипар со кој можеле слободно да влегуваат и да дејствуваат на целата територија на ЕУ.

„Програмата ни помогна кога земјата беше во криза и пред колапс, но таа повеќе не смее да ни предизвикува штети“- рекол за домашните медиуми министерот за внатрешни работи Констатинос Петридис.

Се претпоставува дека некои од овие инвеститори се вмешани во операции за перење пари, или пак дека се поврзани со авторитарни влади и режими. Според медиумите, излегува дека кипарските власти ги прекршувале правилата и прописите на ЕУ, издавајќи „златни“ пасоши уште и без некоја поголема контрола и без построги критериуми кои дури сега се најавуваат.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Европа/ЕУ

Горе