Поврзете се со нас

Skopje Global

Брифинг/Weekly

„Европа се уште не е обединета“

www.globalnewsart.com/BigStock.com

„Европа се уште не е обединета“

Во 1989 година беше ветена обединета Европа. Триесет години потоа, живееме со сознанието за предавството на таквото ветување.

…изјави во Загреб Дејан Јовиќ, професор на тамошниот Факултет за политички науки.

Според Јовиќ, се уште нема обединета Европа. Западен Балкан се уште е надвор од ЕУ, постои постсоветски простор што е надвор од Унијата, а (сега) и Велика Британија излегува од ЕУ.

„Даденото ветување за Обединета Европа, затоа, станува неисполнето“.

Десет држави одново воспоставија граници (во Унијата), а меѓу некои од нив се подигнаа и високи огради и се поставија бодликави жици – рекол загрепскиот професор по политички науки Дејан Јовиќ.

Сите не го делат неговото мислење, па некои аналитичари потсетуваат и на одговорноста на регионот што се уште е надвор од ЕУ.

Како прво, се посочува дека Европејците „видоа дека ЕУ не е за секого. Потоа дека треба да размисли за нивниот прием кога во тој регион и натаму има нелиберални и проруски држави. Конечно, во изминатите 15 години, една Унгарија, како и Полска, или источниот Балкан им покажаа какви се, па сега Европејците се мачат да ги европеизираат – одново“.

Тања Фајон: Франција ја претвори ЕУ во заложник

Со својата постапка, со блокадата на определувањето датум за почеток на преговорите за Република Северна Македонија и на Република Албанија, Франција ја претвори ЕУ во заложник. Според Тања Фајон, европратеник од Словенија која сега е и копретседател на Одборот за стабилизација и за приклучување на Србија кон Унијата, станува збор за период на ЕУ што не може да се означи како „момент за славење“.

На неколкупати реков дека она што се направи кон Скопје и кон Тирана е погрешно и жално

…рекла Фајон, додавајќи дека без разлика на ова, Западен Балкан останува и важна и стратешка цел на ЕУ, затоа што тоа е прашање од „стратешки интерес“.

Лидерите од земјите на ЕУ сега би требало да разјаснат – зoшто Европа не го исполни ветувањето што инаку го имаше дадено, на пример за Македонија. Тоа посебно се однесува на Франција, но кога станува збор и за некои други држави од Западен Балкан, треба да објаснат и Холандија и Данска, па и Германија, рекла Фајон – признавајќи дека Унијата „многу добро знае што се случува“ – мислејќи на инфилтрацијата на Русија, Кина и Турција во овој регион.

Блумберг размислува да влезе во изборната трка во САД

Американскиот милијардер Мајкл Блумберг, размислува да се вклучи во изборната трка во САД, за номинација како кандидат на Демократската парија на САД – откриваат американските медиуми.

Доколку би се вклучил во изборите за 2020 година, Блумберг би можел да го поремети натпреварот меѓу кандидатите кои веќе учествуваат во трката, особено што милијардерот би се појавил во трката на три месеци пред првите избори за номинирање.

Поранешниот градоначалник на Њујорк (претходно беше кандидат кај републиканците) бил загрижен за тоа дека сегашните демократски кандидати не се доволно добри, за да може да го поразат актуелниот претседател Доналд Трамп, изјавил претставник на милијардерот за медиумите во САД.

Сега во изборната трка се вклучени 17 демократски кандидати. Во овој момент, Џо Бајден, поранешен потпретседател на САД, сенаторката од Масачусетс Елизабет Ворен и сенаторот од Вермонт, Берни Сандерс. Според некои анкети, Ворен и Сандерс се полево од позициите на Бајден, па затоа се верува дека би биле поразени од Трамп.

Но, и за Бајден сега се смета дека без разлика на солидните позиции што ги има кај демократските гласачи, целиот случај околу Украина и наводните коруптивни зделки, на неговиот син, за што поради тајниот разговор на Трамп со украинскиот претседател Зеленски, барајќи од него да покрене истрага за Бајденовци, за што е отворена постапка за импичмент за претседателот, сепак, би можел да повлијае врз позициите на Џо Бајден кај гласачите.

Посебно кај неопределените гласачи, без разлика што засега нема никакви докази дека синот, а уште помалку таткото, сториле било што нелегално.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Брифинг/Weekly

Горе