Поврзете се со нас

Skopje Global

Западен Балкан

Едвард Џозеф: Класичен балкански инает

sharafmaksumov/Bigstock.com

Едвард Џозеф: Класичен балкански инает

Професорот од американскиот Универзитет „Џонс Хопкинс“, Едвард Џозеф, инаку добар познавач на Балканот и на балканските состојби во последнот четврт век, го осуди однесувањето на Србија и посебно на официјален Белград кон Косово, настојувајќи по секоја цена да го блокира вклучувањето на новата независна балканска држава во меѓународните организации.

Според Џозеф, Србија се однесува како да сака за Косово да остане ситуацијата на статус-кво. Како да и е единствена цел да му  прави проблеми на Косово, за да не влезе во ниту една меѓународна организација како независна држава.

„Тоа според мене е класичен балкански инает. Она – да му умре козата на комшијата“- рекол Џозеф.

Во разговор за белградски медиум, американскиот професор рекол дека за него е сосема неразбирливо што секое отповикување на признанието на косовската независност, во Белград се прославува како „победа“.

„Но, што таа „победа“ воопшто и носи на Србија? Дали во Белград мислат дека Косово ќе се предаде и ќе се откаже од својата независност, ќе се врати во рамките на Србија како дел од државата. Дали мислат дека Косово ќе се откаже од сите други суштински атрибути на независноста? Не, нема тоа да се случи. Тешко е дека тоа ќе се случи“- изјавил Едвард Џозеф. Тој во истиот разговор ја осудил и постапката на официјален Париз кон Скопје и Тирана и ги критикувал најновите изјави на Емануел Макрон за ЕУ и за НАТО.

Француското вето за почеток на преговорите на Република Северна Македонија и Република Албанија за пристапувањето на овие две држави од Западен Балкан кон ЕУ, за Џозеф се сосема погрешни.

-Станува збор за еден  комплетно неодговорен потег на Париз (како кон овие две држави така и кон ЕУ)  – смета Едвард Џозеф, кој за изјавата на францускиот претседател за НАТО ( дека Алијансата е во кома) рекол дека е „фарсична и крајно лицемерна“.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Западен Балкан

Горе