Поврзете се со нас

Skopje Global

Свет

Буновниците од Донецк во „врска“ со Москва пред соборувањето на МХ-17

RJF88/BigStock.com

Буновниците од Донецк во „врска“ со Москва пред соборувањето на МХ-17

Меѓународната истражна комисија за соборувањето на малезискиот патнички авион над Источна Украина, во август 2014 година, цврсто верува дека високи руски функционери биле во редовна комуникација со проруските бунтовници во Донецк и Луганск и дека дури ги „упатувале и насочувале“ сепаратистите кои се поврзани и обвинети за падот на авионот на летот МХ-17 од Амстердам до Куала Лумпур.

Според западните медиуми кои откриваат детали од најновата истрага, врз основа на тајно снимените телефонски разговори меѓу Москва и Донецк, со тамошните бунтовници, направени од украинската разузнавачка агенција, станува збор за „високи луѓе блиски до претседателот Владимир Путин“.

Двоец за врска

Истрагата ги именува Владислав Сурков, поранешен стратег во Кремљ и едно време заменик премиер, како и Сергеј Аксјонов, одговорен за Крим, откако во март истата таа 2014 година, Русија го окупира, а потоа и го анектира овој украински полуостров. Само неколку месеци пред да биде соборен авионот.

Вкупно 298 патници и членови на екипажот на малезискиот „Боинг“ беа убиени кога авионот беше погоден со ракета земја-воздух од типот „Бук“ од руско производство. Дури 193 лица од загинатите, меѓу кои многу деца и млади, беа Холанѓани. Авионот беше ракетиран додека летал над територијата на Источна Украина, тогаш, а и сега контролирана од страна на проруските бунтовници.

Истрагата досега обвини четворица од бунтовниците дека се одговорни за нападот и соборувањето на леталото, меѓу нив е и водачот на сепаратистите. Сите тие треба да одговараат на судење што е предвидено за април 2020 година.

Тајно снимени разговори

Истражната комисија, а и самата истрага, меѓутоа, не ја поврзува директно Русија и официјална Москва со соборувањето, но сега инсистира дека снимените разговори откриваат нешто што досега и Кремљ, а и бунтовниците во Донецк и Луганск го отфрлаа како неточно- а тоа е дека двете страни биле во редовна, речиси секојдневна комуникација и дека Москва била во директна врска со двајца од четворицата обвинети за нападот.

Анализата на снимените разговори што ги „ловела“ украинската тајна служба, пак, покажува дека високи функционери во Москва добро знаеле што се случува на теренот (во Источна Украина), како и дека имале административно, финансиско и воено влијание врз одметнатите сепаратисти кои во меѓувреме, на таа територија создадоа самопрогласена „Донецка Народна Република“ (ДНР).

„Бук“ лансиран од кај Курск

Истрагата од порано има утврдено дека ракетата „Бук“ била лансирана од полигонот на руската 53 анти-ракетна бригада во Курск. Шефот на криминалната полиција во Холандија, Анди Краг, затоа изјавил за медиуите дека „блиските врски меѓу руските функционери и украинските бунтовници, го покренува и прашањето за можната вмешаност и на тие луѓе, во наредбата да се лансира ракетата“.

Бунтовниците со кои се комуницирало од Москва се Игор Гиркин, самоименуван „министер“ за одбрана на ДНР, како и Сергеј Дубински кој се претставувал како „заменик на министерот“.

Двајцата се меѓу четворицата обвинети и обајцата изминатите пет години се прикажуваат како „доброволци“ кои се борат за своите национални права, не прифаќајќи ја смената на власта во Киев, отфрлајќи дека се во врска со „било кого“, па и со Москва.

(С.С.Г.)

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Свет

Горе