Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Таинствен добротвор остава пари на улица!

route66/bigstock.com

Таинствен добротвор остава пари на улица!

Британската полиција покрена опсежна истрага за да открие кој остава коверти со пари (!) по улиците на малото место Блекхол Колиер, на северот од земјата. Локалните весници откриваат дека непознатиот добротвор почнал да остава пари уште од 2014 година.

Последен пат, коверт полн со фунти бил најден на почетокот од оваа недела. Во него имало 2000 фунти (приближно 2200 евра). Оваа година тоа е четврти по ред коверт со пари, или 12-ти во изминатите пет години. Или барем за толку случаи знаат полицијата и локалните весници.

Полицајците досега имаат спроведени опсежна истрага- разговори со стотина луѓе,  со претставници на локалните банки, со експерти за пари. А сите најдени банкноти во пликоата биле и поединечно истражувани, во обид да се откријат траги од прсти. Но и покрај сето тоа, засега,  ништо  нема помогнато во потрагата  да се најде таинствениот  добротвор.

Шефот на локалната полиција се согласува дека е се поочигледно оти станува збор за „ мистериозен филантроп“ . Во својата изјава тој јавно им се заблагодари на граѓаните од Блекхол Колиер кои ги наоѓаат парите, затоа што случаите и ги оставаат ковертите со фунти во  полицијата.

Според прописите, полицијата ги чува најдените пари во период од две недели , па доколку во тоа време не се појави оној што ги оставил, тогаш најдените пари му се враќаат на наоѓачот.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе