Поврзете се со нас

Skopje Global

Европа/ЕУ

Убиен синот на поранешен германски претседател

photosvit/BigStock.com

Убиен синот на поранешен германски претседател

Фриц фон Вајцекер (59) син на поранешниот германски претседател Рихард фон Вајцекер е убиен во болницата Шлоспарк во Берлин, додека држел предавање. Синот Вајцекер беше лекар по професија, специјалист по интерна медицина и немал никаква врска со политика.

Според изјавите на присутните на предавањето, додека зборувал, на говорницата пришол човек од салата и наеднаш почнал да го боде со нож несреќниот доктор. Кон Вајцекер се стрчале присутните во салата во обид да му помогнат. Го заробиле убиецот, но докторот веќе бил мртов на самото место.

Интервенирала брзо и полицијата, но таа само можела да го уапси напаѓачот.

Во првото полициско соопштение се вели дека станува збор за полицаец кој приватно и во цивилна облека бил на предавањето. Засега не се знае мотивот за бруталното насилство, но некои берлински весници нападот го поврзуваат со таткото на убиениот лекар – Рихард фон Вајцекер – уште во времето на шеесетите години на 20 век! Тогаш тој бил директор на еден германски хемиски концерн кој, наводно, испорачувал боеви отрови што се употребувале во Виетнамската војна.

Наводната одмазда, не можело да се изврши врз таткото Вајцекер кој е починат во 2015 година, па затоа бил убиен неговиот син!?

Рихард фон Вајцекер беше на два пати едно по друго претседател на Германија, од 1984 до 1994 година и важи за еден од најуспешните и најпопуларните претседатели во оваа земја. Овој поранешен градоначалник на Западен Берлин, остана запаметен во германската јавност по својата осуда на нацистичка Германија, изречена на одбележувањето на 40 годишнината од крајот на Втората светска војна.

Падот на нацизмот и крајот на војната, Вајцекер тогаш го означи како „ослободување на Германија“.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Европа/ЕУ

Горе