Поврзете се со нас

Skopje Global

Свет

Одново нема казна за Мајкл Флин

Фото: Susan A. Romano/U.S. Air Force

Одново нема казна за Мајкл Флин

Американски суд уште еднаш го одложи изрекувањето казна за поранешниот советник за национална безбедност Мајкл Флин, првиот од низата што американскиот претседател Доналд Трамп ги смени во изминатите три години, откако победи на изборите во ноември 2016 година.

Флин требаше да добие казна уште пред една година, во декември 2018, што тогаш ќе значеше дека се казнува по цела година од неговото судење на кое беше прогласен за виновен и осуден.

Овој поранешен американски генерал кого Трамп го зеде во својата екипа советници и помагачи која ја водеше предизборната кампања во трката за Белата куќа, важеше за еден од најдоверливите и најлојалните поддржувачи, на сега актуелниот претседател. Така и ја добие функцијата советник за национална безбедност, една од најзначајните во администрацијата на секој претседател на САД, но на таа функција остана исклучително кратко време.

Мораше да се повлече затоа што беше откриен дека го излажал потпретседателот Мајк Пенс. Кривично одговараше кога се разбра дека Флин лажно сведочел и давал лажни изјави и пред инспекторите на ФБИ за неговите контакти со (сега) поранешниот руски амбасадор во Вашингтон Сергеј Кисљак.

Контактите со овој странски дипломат силно вмешан во аферата со „руската врска“ во предизборната кампања на Трамп, се случиле неколку недели пред новиот претседател да биде инаугуриран.

Според законите на САД, било кој од тимот на еден претседателски кандидат, не смее да разговара и да преговара со било кој странски дипломат, или со странец за работи и прашања од американската надворешна политика, се додека новата администрација не стапи на должност. Флин го има повредено ова правило и за тоа ги има излажано и потпретседателот Пенс и ФБИ.

Адвокатите на поранешниот генерал и советник на претседателот веќе две години успеваат да го одложат изрекувањето на казната, постојано настојувајќи да уверат некој федерален судија дека „се на трагата“ да обезбедат материјален доказ со кои би можело да се отфрли целиот случај против Мајкл Флин, што значи тој да биде ослободен од било каква одговорност.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Свет

Горе