Поврзете се со нас

Skopje Global

Европа/ЕУ

Грабеж во музејот на Штази во Берлин!

Flynt/BigStock.com

Грабеж во музејот на Штази во Берлин!

Непознати лица извршиле провална кражба во музејот на Штази – злогласната тајна служба на некогашна Источна Германија – во Берлин, соопшти германската полиција, не давајќи притоа никакви други детали.

Засега не се знае ниту кога бил нападнат овој, по многу нешта необичен музеј, кој е создаден за да потсетува на мрачното минато од историјата на поделена Германија, а не се знае ниту што се е украдено.

Познато е само дека крадците влегле низ еден од прозорците на зградата на музејот, а кога се нашле внатре, ги искршиле стаклата од неколку витрини. Според медиумите, биле одземени „некакви предмети“. Потоа, си заминале, а при тоа никој ништо не забележал и не слушнал.

Во неделата наутро (на 1 декември) чуварот на музејот во текот на рутинската контрола, забележал што се случило во големата изложбена сала и ја алармирал полицијата.

Масовни прислушувања на Источногерманците

Штази ќе остане запаметена како најсилната и најдобро организираната разузнавачка агенција во поранешниот советски источноевропски блок, после советската тајна служба КГБ. Таа има дејствувано на територијата на (тогашна) Западна Германија, но и оперирајќи на „сопствената“ територија, против граѓаните на Источна Германија.

Службата ги има следено сите кои биле третирани како „класни непријатели“, потоа оние кои биле против власта наметната од Советскиот Сојуз, по завршувањето на Втората светска војна и сите кои заговарале демократизација и почитување на човековите права.

Сведоци на тоа време велат дека Штази, практично, имал досие за секој возрасен Источногерманец, како и дека имало масовно прислушување на телефонските разговори и „озвучување“ на становите на луѓето за кои се претпоставувало дека „би можеле да застранат„. Жртви на таквата активност биле, пред се, интелектуалците, професорите на факултетите, писателите, уметничката елита, особено доколку овие луѓе имале било какви контакти со западот на Германија и со Западот воопшто.

Ревитализирање на уништените тајни документи

По падот на Берлинскиот ѕид на 9 ноември 1989 година, додека таквата Источна Германија сеуште постоеше, лојалните вработени на Штази, по наредба на државното раководство на тогашната ГДР, забрзано ги уништувале сите докази за својата работа и за дејствувањето против сопственото население. Во тој период се уништувани и се уништени многу за дотогашната власт, докази за компромитирачка активност.

Многу работи, сепак, не биле уништени и тие се меѓу експонатите на музејот на Штази. Сега, специјализирана група доброволни „активисти“ макотрпно работи да ги ревитализира сечените и уништуваните тајни материјали. Нивна цел е да се открие вистината и да се види што е тоа од што стравувало водството на тајната служба, кога толку време и енергија имало потрошено за да не остави траги за својата дотогашна работа.

Упадот и грабежот во музејот на поранешната источногерманска тајна служба, доаѓа непосредно по големиот грабеж во Дрезден, град во поранешна Источна Германија. Од познатата „Зелена ризница“ непознати крадци имаат украдено накит од 17 век, со непроценлива вредност. Се смета дека доколку и воопшто би се определувала цена, вредноста на она што го однеле крадците би надминало една милијарда евра!

Во едни вакви вредносни рамки, прашање е што е тоа толку вредно и скапоцено, за да се упадне во музеј на една тајна служба и од таму да се крадат експонати?

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Европа/ЕУ

Горе