Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Оставки во Нобеловиот комитет поради Хандке

magann/BigStock.com

Оставки во Нобеловиот комитет поради Хандке

Одлуката на Нобеловиот комитет при шведската Академија, наградата за литература да му ја додели на австрискиот писател Петер Хандке, уште при соопштувањето беше прогласена за контроверзна и осудувана од австриските и европските интелектуални и писателски кругови, а сега, непосредно пред доделувањето, предизвика и оставки на двајца членови на нобеловиот одбор за литература.

Она што најмногу се приговара околу наградата на Хандке тоа е неговата блискост и поддршката што во деведесеттите години на 20 век, овој писател му ја даваше на режимот на тогашниот српски (југословенски) претседател Слободан Милошевиќ.
Кристофер Леандер оставката ја објасни и со „немањето трпение да чека на реформите во Комитетот“, особено по скандалот со сексуалното насилство во 2017 година.

Другиот член кој се повлече, Гун-Брит Сундстрим, пак, многу директно оставката ја врзува за одлуката наградата да му се додели на Хандке и открива дека таа била остар противник на тоа Австриецот да биде прогласен за овогодишен лауреат.

„Годинешново доделување беше насочено не кон литературата и литерарните вредности, туку се толкуваше како заземање позиција која книжевноста ја става над политиката„ – има таа изјавено за шведските медиуми.

“Јас сум против таквата идеологија” рекла Гун-Брит Сундстрим.

Хандке во 1999 година застана зад тогашната власт во Србија, осудувајќи го бомбардирањето на земјата, извршено со цел да се присили Милошевиќ да ги повлече своите воени сили од територијата на Косово, бранејќи ја српската позиција во конфликтот.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Екстра Глобал

Горе