Поврзете се со нас

Skopje Global

Брифинг/Weekly

Австралија гори!

mhcollection/Bigstock.com

Австралија гори!

Големи пожари и натаму беснеат во делови од Австралија, а посебно се моќни во Нов Јужен Велс, каде се наоѓа и најголемиот австралиски град Сиднеј. Австралијанците се загрижени од тоа што пожарите избувнаа уште пред сезоната на пожарите, што оваа голема земја- континент ја зафаќаат секоја година, во текот на тамошното лето.

Според локалните медиуми, експертите ваквата ситуација ја објаснуваат со климатските промени и заговараат уште позасилена и поенергична борба против состојбите кои влијаат врз менувањето на климата на Планетата.

Шефот на противпожарната служба на Нов Јужен Велс, во изјава во Сиднеј рекол дека станува збор за пожари кои не можат да бидат запрени и дека тие ќе беснеат се додека не се сменат условите кои ги предизвикале. „ Сега сме соочени со ситуација во која огнената линија на фронтот е долга 60 километри- рекол шефот на противпожарната служба.

На помош на австралиските пожарникари им се приклучиле и колеги од САД и од Канада.

Температурата во околината на Сиднеј, повремено се искачува и до 40 степени целзиусови. Огновите се толку големи и моќни што и небото на западниот хоризонт на оддалечениот Нов Зеланд е црвено!

Во 2009 година, во пожарите што тогаш ја зафатија Австралија, загинаа 200 лица и беше предизвикана огромна материјална штета. Само во Нов Јужен Велс тогаш изгореа 1,6 милини хектари земја.

Пресушија водопадите Викторија

Викториините водопади во Африка, на местото каде реката Замбези „пропаѓа“ во амбис длабок без малку 130 метри, останаа без својата главна атракција- водата. Едноставно, водопадите пресушија, како последица на долготрајната суша, каква не се памети повеќе стотина години. Сега течението на водата е сведено на минимум, па таков е и падот на Замбези во амбисот.

Ваквата ситуација ги поттикна стравувањата дека климатските промени би можеле да уништат една од најголемите туристички атакции на африканскиот континент, на границата меѓу Зимбабве и Замбија.

Количината на водата во реката- обично- се намалува во сушните периоди во тој дел од Африка, но оваа година стручњаците велат дека се случува нешто што современите генерации не паметат- да нема вода во водопадите.

Јужна Африка е тешко погодена од суша. Во многу реони нема вода за пиење, а сушата предизвика и масовно уништување на посевите, па сега храна е потребна за голем дел од населението, Слично е и во Зимбабве, како и во соседна Замбија, каде поради пресушените водопади на Замбези, е воведена рестрикција во снабдувањето со струја. Двете земји се снабдуваат со струја, главно, од хидроцентралата која е појужно од течението на реката, после водопадите.

Водопадите Викторија што го добиле името по британската кралица Викторија, се најголеми во светот. Слаповите се широки 1,5 километри, а водата паѓа во длабочина од 128 мери. Водопадите за западниот свет прв ги има откриено и видено шкотскиот истражувач Дејвид Ливингстон, во 1855 година.

Гладни поларни мечки во населените места на Сибир

На далечниот североисток од Русија, во Сибир, населените места се преплавени од поларни мечки кои не можат да најдат храна во своите природни резервати и ловишта, па се спуштаат кон југот.

Ваквата ситуација е последица на невообичаено топлата зима. Во близината на местото Риркаипи, екипи на руската служба за заштита на дивите животни, имаат изброено над 50 мечки , бидејќи во морските реони каде тие обично живеат и ловат за храна, нема доволно мраз.

Сите откриени животни биле видливо ослабени и делувале изнемоштено. Научниците сега настојуваат да спречат да дојде до некоја „ блиска средба“ на опасните диви и гладни животни, со луѓето кои таму се населени.

Поларни мечки и порано знаеле да се „ спуштат“ до населените  места во северните делови на Сибир, но оваа година станува збор за невообичаено голем број. Тоа се објаснува со необично долгиот период на топло време за овие краишта, што има предизвикано мразот дури сега да се зафаќа, но тој е се уште тенок за да ги издржи овие тешки животни.

Пред неколку месеци, една поларна мечка била откриена дури 100 километри јужно од нејзиното природно живеалиште.

 

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Брифинг/Weekly

Горе