Поврзете се со нас

Skopje Global

Свет

Запалена Индијката која пријавила силување

smithore/Bigstock.com

Запалена Индијката која пријавила силување

Индијката која прво беше брутално претепана, а потоа запалена, од неколкумина мажи кои таа ги има обвинето за силување, починала во една болница во Њу Делхи, јавија индиските медиуми.

Девојката, на возраст од 23 години, била нападната во средината на минатата недела, во град во индиската сојузна држава Утар Прадеш.

Во тоа време таа патувала во соседниот град во истата сојузна држава, за да биде сослушана во локалниот суд за нападот и силувањето што се случило минатата година. За разлика од мнозинството жени кои изгледа ги одмолчуваат ваквите случаи, оваа храбра, но несреќна млада жена го пријавила целиот случај, а во полицијата ги соопштила имињата на двајцата мажи кои ја силувале.

Запалената и оставена без свест девојка се обиделе да ја спасат, прво минувачите кои го откриле телото, а потоа и лекарите во месната болница. Била итно пренесена во Њу Делхи, но таа таму починала. Лекарите откриле дека имала изгореници од 70 отсто.

Индиската полиција, инаку, ги открила и ги уапсила сите петмина мажи кои учествувале во минатогодишното  силување на девојката и тие чекале да бидат изведени на судење. Жртвата требала минатата недела да сведочи, пред тие да бидат осудени.

Индија која настојува да му се приклучи на современиот свет и важи за една од брзо растечките економии, има сериозни проблеми со масовните силувања на девојки и жени, кои освен тоа се и брутално претепуваат. Според полициските извештаи , добиени од случаи за кои властите имаат сознанија и биле пријавени, само во текот на 2017 година, во земјата имало над 33 илјади силувани жени.

Властите признаваат дека засега не помагаат заострените казнени мерки за овие кривични дела кои се на сила по трагичниот настан од Њу Делхи, во 2012 година кога во градски автобус, неколку мажи  силуваа, а потоа  убија една млада жена. Тогаш, а и сега повремено низ индиските градови се одржуваат протести против насилството врз жените.

Индиските медиуми објавуваат дека само една недела пред случајот со претепаната, па запалена девојката во Утар Прадеш, друга  27 годишна млада жена била исто така силувана, а потоа запалена. Полицијата само соопшти дека трага по сторителите.

Властите во меѓувреме, потврдија дека четворица обвинети за силување и потпалување жени биле убиени од полицијата додека се обидувале да избегаат од затвор.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Свет

Горе