Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Спогодба на Вајнстајн со неговите жртви

cvanwagoner/BigStock.com

Спогодба на Вајнстајн со неговите жртви

Харви Вајнстајн, поранешен водечки холивудски филмски продуцент, како и управата на неговата, сега веќе банкротирана компанија, постигнале привремена спогодба, со десетици жени-жртви кои го обвинуваат за сексуална злоупотреба и за сексуално насилство, во вкупна вредност од 25 милиони долари – пишува весникот „Њујорк Тајмс“.

Со оваа спогодба би требало да се затворат сите граѓански тужби на разни актерки и на вработени жени во компанијата на Вајнстајн кои го обвинуваа за разни сексуални кривични дела- се до силување. Осигурувањето на компанијата „Ваинстаин Цо„ ќе ги изврши сите исплати на оштетените, а тој при тоа не ќе мора ништо да признава, ниту да плаќа.

Вајнстајн е обвинет од преку 70 жени за разни дела поврзани со сексуална злоупотреба и насилство, за време од неколку десетици години.

Тој, меѓутоа, ги отфрла сите овие обвинување и тврди дека се што се случувало било со согласност на жените кои го обвинуваат.
Спогодбата за која пишува њујоршкиот весник не се однесува за случаите на две жени кои го обвинуваат за сексуално насилство – едната во 2006, а другата во 2013 година. За овие две дела ќе има судење кое е закажано за почетокот на февруари, во 2020 година.

Доколку биде прогласен за виновен, некогашната продуцентска ѕвезда на Холивуд, Харви Вајнстајн би можел да биде осуден дури и на доживотен затвор.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе