Поврзете се со нас

Skopje Global

Свет

Форбс: Ангела Меркел најмоќната жена во светот

palinchak/BigStock.com

Форбс: Ангела Меркел најмоќната жена во светот

Германскиот канцелар Ангела Меркел е избрана за најмоќната жена во светот, во традиционалната годишна листа на американското списание „Форбс“. Ова е деветти пат по ред како Меркел се наоѓа на првата позиција на листата од 100 влијателни и моќни жени во светот.

На второто место на „Форбс“ годинава е рангирана поранешната директорка на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), а сега претседател на Европската централна банка (ЕЦБ), банката на ЕУ, Кристин Легард, поранешна француска министерка за финансии.
Трета е Американката Ненси Пелоси, угледна американска политичарка и Спикер на Конгресот на САД, додека четвртата позиција и е доделена на новиот претседател на Европската комисија, Германката Урсула фон дер Лејен.

Во образложението на редакцијата на угледното американско списание се вели дека германскиот канцелар Ангела Меркел „има направено многу во Европа за да се намали антимигрантското расположение“. За Пелоси, пак, се вели дека таа ја добила овогодишната висока позиција затоа што ја покренала процедурата околу постапката за импичмент против претседателот на САД, Доналд Трамп.

Меѓу петто рангираната жена и десеттата на оваа листа се жени – раководители во високиот бизнис – претседатели на управни и извршни одбори на компании и банки, како што се „Џенерал Моторс“, банката „Сантандер“, Ај-Би-Ем (IBM), или „Локид Мартин“.

На листата од 100 жени, британската кралица Елизабета е на 40 место, додека тинејџерката Грета Тунберг (16) која европските медиуми упорно ја прават да биде „икона“ на борбата против климатските промени, а американскиот „Тајм“ ја прогласи и за личност на годината, е рангирана како последна, на 100-то место.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Свет

Горе