Поврзете се со нас

Skopje Global

Западен Балкан

„Шпигел“ : Србија претставува безбедносен ризик

ricochet64/BigStock.com

„Шпигел“ : Србија претставува безбедносен ризик

Угледното германско списание „Шпигел“ се осврнува на аферата околу српската фабрика за оружје „Крушик“ од Ваљево, што подолго време ја потресува јавноста во Србија, прикажувајќи го целиот случај, прво како криминал во врвовите на власта, а потоа и како безбедносна закана, што и по едната, но и по другата основа, никако не би смеело да се случува во земја која веќе преговара за влез во ЕУ.

Но аферата избувна, вели неделникот, и тоа благодарејќи на еден инсајдер во фабриката кој прецизно и документирано откри дека „корупцијата и организираниот криминал, подржан од врвовите во власта е вообичаена работа во Србија“, па дека затоа, таа земја на Западен Балкан, која претендира да биде членка на ЕУ, претставува „безбедносен ризик“, кој според „Шпигел„ во Европа никако не би требало да биде потценет.

Откритија на еден инсајдер

Според германскиот весник, откритието на инсајдерот и не делува спактакуларно, но во Србија има предизвикано и политички и јавни бранувања. Човекот веднаш бил уапсен, но под притисок од јавноста, бил пуштен, па ставен во домашен притвор, каде и сега се наоѓа. На новинарите на германскиот неделник им рекол дека токму постојаната јавна поддршка што му ја даваат луѓето од улицата, кои се на протести веќе една година, му се некаква гаранција дека во овој момент ништо не може да му се случи.

Случајот потекнува од државната фирма „Крушик“ (позната уште од времето на екс Југославија) која произведува гранати за артилерија, мини и ракети. Своите производи, фирмата, односно нејзините раководни луѓе, и ги продавале, по многу ниска цена на една приватна компанија за трговија со оружје – позната како ГИМ – која пак, истото оружје го препродавала во странство, правејќи при тоа голема заработувачка, само врз основа на разликата во цената.

Криминал и политика

Вака гледано, сето ова делува само како валкан и нечесен бизнис. Во политички случај и во афера се претвора откако ќе се разбере дека еден од посредниците при правењето на договорите за купување (од „Крушик“) и за препродавање на странските пазари е таткото на Небојша Стефановиќ, српски министер за внатрешни работи и еден од најблиските и најлојалните соработници на претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

А, преку оваа роднинска (и политичка) врска и блискост, според „Шпигел“, во аферата директно се вклучува и владата на Србија, а како што се забележува неделникот и шефот на државата, за кого се сомнева дека бил „дел од илегалните договори“ за продавање на оружјето.

Авторите на сторијата, признаваат дека една ваква поврзаност, тешко би можело да се докаже на суд, но дека за валканата работа што ја правеле „Крушик“ и ГИМ, инсајдерот има обезбедено документација која покажува дека и двете фирми се врзани со корупција.

„Ништо не се менува“

Германскиот весник потсетува дека од ваквото работење на овие две фирми, најмногу штета има претрпено една друга државна фирма – која е единствено со законот определена да продава српско оружје во странство. Таа се наоѓа во загуба и во криза, додека приватната ГИМ има забележано максимална заработувачка.

Проблемот за ЕУ, според весникот, е во тоа што продажбата на оружјето била илегална, затоа што е испраќано таму каде не требало – во Јемен, за тамошната граѓанска војна – преку Саудиска Арабија, што е во спротивност и со српските закони.

„Шпигел“ потсетува дека во времето на режимот на Слободан Милошевиќ, кога Вучиќ ја имаше функцијата на, како што се вели – „воинствен министер за информации“ – Србија беше позната како еден од најголемите центри за илегално оружје и за неговото криумчарење во целата Југоисточна Европа.

Тоа време – пишува германскиот неделник – е далеку зад нас, но овој случај покажува дека во Србија ништо од тогаш не е изменето.

Токму затоа оваа западнобалканска држава претставува „безбедносен ризик“, констатира овој весник, користејќи ги сознанијата на инсајдерот, дека „Крушик“ и ГИМ не се единствен случај и дека во Србија „има многу случаи – партиски функционери од владејачката структура, да заработуваат милиони“ во вакви операции.

(Д.Б.)

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Западен Балкан

Горе