Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Обид да се отвори авионската врата за време на лет!

wittayayut/BigStock.com

Обид да се отвори авионската врата за време на лет!

Британката Клои Хеинс (26) се обидела да ја отвори вратата на авионот со кој се враќала од одмор, додека леталото, полно со патници, се наоѓало на голема височина, пишуваат лондонските весници известувајќи од нејзиното судење.

Една од стјуардесите на летот на компанијата „Џет2“ која била во близината, се нафрлила врз патничката за да го спречи она што таа сакала да направи, но таа возвратила, нанесувајќи и полесни телесни повреди.

Сепак, вратата остана затворена и била спречена авионска несреќа, откако другите членови на посадата и некои од патниците помогнале воинствената патничка да се совлада.

Капетанот на авионот побарал помош, па британското кралско воено воздухопловство (РАФ) испратил веднаш два свои воени авиони кои го допратиле авионот до лондонскиот аеродром Станстед, каде патничката веднаш била уапсена.

На почетокот не се знаело за што станува збор – за обид за терористички напад, или за самоубиство на пореметена личност.

Меѓутоа, подоцна се покажало дека Хеинс била „мртва пијана“, иако некои од членовите на посадата и сега тврдат дека не се убедени дека станувало збор за пијанство.

Инцидентот се случил пред крајот на јуни оваа година, на летот од турскиот аеродром Даламан, на крајниот југозапад од земјата, до Лондон.

Патничката е обвинета за сериозно загрозување на безбедноста во авио-сообраќајот и за физички напад. На почетокот од судењето, таа ја признала вината, но се брани дека била многу пијана. Според лондонските весници, Клои Хеинс не се соочува за прв пат со судење и дека само три недели пред инцидентот во авионот, била осудена на “ општествено корисна работа“.

Но, сега ја чека далеку повисока и потешка казна.

До изрекувањето на пресудата, таа е на слобода со кауција, но до тогаш забрането и е да патува со авион – од било кој британски аеродром.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Екстра Глобал

Горе