Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Хари и Меган за Божик во Канада

cheekylorns/BigStock.com

Хари и Меган за Божик во Канада

Британскиот принц Хари и неговата сопруга Меган Маркл кои по венчавката ги имаат титулите војвода и војвотка од Сасекс, англиканскиот Божик и новогодишните празници ќе ги поминат далеку од Британија, во Канада, наместо со кралицата Елизабета и сите други членови на кралското семејство, што инаку е вообичаено и претставува долга традиција.

Затоа и постапката на Хари – да се оддели од своето најблиско семејство – од неговата баба кралицата, таткото-престолонаследник Чарлс и братот Вилијам, како и од сите другите кои божикните празници ги минуваат во заедничко дружење, се смета како сериозно отстапување од традицијата, но и од кралскиот протокол кој (досега) никој го нема прекршено.

Барем не кога станува збор за Божик и за Нова година.

Хари е помладиот син на Чарлс, од бракот со покојната принцеза Дијана и шести во редот на претендентите на престолот, па тој досега редовно беше дел од ова семејно собирање, но овој пат, со сопругата и со малечкиот син Арчи, за празниците ќе биде во Канада, заедно со мајката на МеганДорија Ратланд.

Уште во ноември двајцата објавија дека Божик и Нова година ќе ги прослават во Канада, откако претходно Хари и Меган одлучија да земат „подолг одмор“ од ројалистичките обврски, веднаш по нивното појавување во една телевизиска репортажа во која и двајцата се пожалија на „проблемите кои ги имаат со медиумите“.

Во таа репортажа се покажа дека Хари не е во најдобри односи со својот постар брат Вилијам, на што лондонските таблоиди објавија дека станува збор и за „нетрпеливост“ и на нивните сопруги.

Подоцна се разбра дека проблемите, сепак, се меѓу браќата.

Тие двајцата, со сопругите, во меѓувреме, се појавија на некои настани на кои присуствува кралското семејство, но според медиумите, тензиите не биле надминати.

Весниците во Лондон велат принцот Хари, пред да се разбере за одлуката за празнување на Божик во Канада, претходно разговарал со својата баба – кралицата Елизабета (93) и дека таа покажала разбирање за неговата одлука.

За Хари се вели дека од секогаш ја сакал Канада, а дека неговата сопруга Меган таму има живеено седум години.

Канаѓаните важат за најнаклонети на британското кралско семејство меѓу земјите – доминиони на Велика Британија. Канадскиот премиер Џастин Трудо го поздрави решението на војводата и војвотката од Сасекс да бидат за празниците во Канада.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе