Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Бред Пит и Анистон пак се заедно

kathclick/BigStock.com & DFree/BigStock.com

Бред Пит и Анистон пак се заедно

Бред Пит (56) кој за улогата во филмот „Ад Астра“ е кандидат за годинешниов Оскар и Џенифер Анистон (50) ѕвездата на популарната ТВ серија „Пријатели“ и на уште десетици други филмови, одново се во врска – пишуваат американските весници.

Повеќето од нив, засега, се обидуваат да откријат што се случува – дали станува збор за обично пријателство, или пак во прашање е „флертување кое со времето се развива во нешто многу повеќе“. Сите, меѓутоа, се согласуваат дека Бред и Џен (како што весниците ја ословуваат Анистон) се во „некаква нова врска“ и покрај познатата, бурна разделба.

„Тие обајцата извонредно се согласуваат, нивните среќавања се исполнети со многу шегување и хумор и полни со заразна енергија, секогаш кога се заедно“ – рекол еден извор за медиумите за кого тие тврдат дека е близок и до обајцата. Друг таков извор, пак, не демантирал ништо, но тврдел дека сепак станува збор само за „платонска врска“.

Пит и Анистон се разведоа во 2005 година, после пет години поминати во брак.

Само еден месец по формализирањето на разделбата, Бред Пит се пресели кај Анџелина Џоли, својата нова љубов. Двојката, популарно нарекува „Бренџолина“ беа десет години заедно и две години во формален брак, кога се разведоа во септември 2016 година.

Весниците сега тврдат дека „сите стари лутини, гневни изјави и лоши чувства“ што ги имале меѓу себе Пит и Џен, по нивната разделба, сега се исчезнати. Бред Пит, на почетокот од овој месец бил во куќата на Анистон, во Бел Ер, кога таа ја прославувала 20 годишнината од серијата „Пријатели“. А, сега се открива дека тој бил меѓу гостите и на журката во домот на Анистон, во февруари годинава, за нејзиниот 50 роденден.

Се тврди дека Џенифер „се излекувала“ од болката што ја има доживеано по трауматскиот развод од Пит и од начинот како сето тоа се случи.

„Времето го има направено своето, но обајцата се свесни дека сега сите, посебно нивните фанови, се свртени уште еднаш кон нив, па настојуваат да не распалуваат никаква хистерија околу нивното заедничко живеење“ – пишува неделникот „УС”.

Овој весник тврди дека Бред Пит добил кај Џен втора шанса, како и дека по долгото чекање да ја обноват меѓусебната комуникација, се решени да го закопаат минатото, па она што сега се случува меѓу нив е вистинска врска.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе