Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Град со повеќе мачки од луѓе

TatianaPor/BigStock.com

Град со повеќе мачки од луѓе

Градот Кафр-Набл во Сирија, што до скоро беше последното упориште на џихадистите во тамошната граѓанска војна, остана без неговите жители кои се разбегале во текот на војувањата, започнати уште во пролета 2011 година, а потоа непосредно пред неговото заземање од силите на сириската армија и војската на Русија.

Од град со 40 илјади жители, велат, дека сега во него нема повеќе од стотина луѓе кои таму постојано престојуваат.

Улиците се пусти и празни – без луѓе и без никаков сообраќај. Ретките странски репортери кои деновиве го посетиле Кафр-Набл, подоцна објаснувале дека она што сега останало од некогашниот град, полн со живот, тоа се само урнатите згради, празните, но тешко оштетени објекти и на стотици мачки кои шетаат по улиците во потрага по храна и вода и – велат по луѓе.

Оние малкумина жители објаснувале дека ги има десет пати повеќе од бројот на луѓето кои останале.

Репортерите раскажувале дека мачките кои изгледа порано ги имало во голем број, сега се и изгладнети, но и исплашени од долготрајните војувања, пукотници и детонации. Луѓето, пак, во целата ситуација во која се наоѓаат, се обидуваат да им помогнат на животните, па им даваат вода и со нив ја делат храната до која доаѓаат.

На репортерите им изјавиле дека секој жител на ова место сега се грижи, барем за десет – 15 мачки. А, тие кога ќе видат човек на улицата, веднаш трчаат кон него – очекувајќи да се нахранат.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе