Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Пациентка изгорела на операциска маса!

Rido81/BigStock.com

Пациентка изгорела на операциска маса!

Една 66 годишна Романка го загубила својот живот, откако нејзиното тело, што било подготвено за хируршка интервенција на масата за изведување такви операции, наеднаш било зафатено со пламен. Додека лекарите и медицинскиот персонал се снашол, жената веќе била целата во пламен.

Починала после кусо време, со изгореници од над 45 отсто.

Инцидентот се случил во болницата „Флореаска“ во Букурешт, во која несреќната жена била примена на лекување, за да врз неа се изврши операција на панкреасот, зафатен со рак.

Требало да и се помогне за да се спаси од тешката болест, но таа не преживеала уште пред да почне хирушката интервенција.

Според романските медиуми, хирурзите во болницата користеле дезинфектор врз база на алкохол. Но, потоа вклучиле електричен скалпел кој кога дошол во допир со алкохолот предизвикал палење на телото на пациентката на самата операциона маса.

Лекарите се обидувале да ја спасат од тешките изгореници, но не успеале во тоа, а романската полиција отвори истрага за случајот.

Управата на болницата се брани дека станува збор за несреќен инцидент. Министерот за здравство на Романија Виктор Костаке изјавил дека случајот е „трауматски инцидент“, додека роднините на жената бараат да се објасни – како сето ова воопшто, можело да се случи.

Романија троши најмалку за своето здравство од сите земји членки на ЕУ, како по глава на жител, така и според домашниот БНП (Бруто национален приход).

Романското здравство се соочува и натаму со највисока смртност кај децата во Унијата, има неразвиена болничка инфраструктура и постојан недостиг на медицински кадар.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Екстра Глобал

Горе