Поврзете се со нас

Skopje Global

Европа/ЕУ

Холандија со ново официјално име

gar1984/BigStock.com

Холандија со ново официјално име

Холандската влада одлучи да го смени официјалното име на државата и да престане да се користи името Холандија.

Наместо тоа, од почетокот на оваа година, оваа западноевропска држава ќе се нарекува само Недерланд (Ниска Земја).

Според владиното соопштение, што го пренесуваат европските медиуми, одлуката била донесена за да се сменил имиџот на државата. Сега, сите владини министерства, амбасадите низ целиот свет, како и компаниите, ќе го користат само името Недерланд, што станува единствено официјално име на државата која досега ја знаевме само како Холандија.

Властите веруваат дека оваа промена ќе придонесе да се зголеми и бројот на туристите (!?) и во другите делови од кралството, затоа што Амстердам, Харлем и Хаг не можеле повеќе да се справуваат со големиот наплив странски гости, кои доаѓаат, пред се, во овие места.

Државата е поделена на 12 провинции, но само две во своето име го содржат зборот Холандија (Holland).

Всушност, државата се нарекува Кралство Недерланд, или (Koninkrijk der Nederlanden). Зборот Nederlanden го сочинуваат два збора – neder, што значи ниско и – land, што означува земја. Така и буквалниот превод на името на државата значи – Кралство на ниските земји.

Во светот досега, на англиски јазик, паралелно се користеа и двете имиња за оваа држава – Holland и Netherlands.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Европа/ЕУ

Горе