Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Вилијам: Кралицата минува низ тешко време

cheekylorns/BigStock.com

Вилијам: Кралицата минува низ тешко време

Британскиот принц Вилијам – војводата од Кембриџ – се пожалил дека сегашната криза во семејството, околу неговиот помлад брат, принцот Хари, најмалку и се потребни на кралицата Елизабета, нивната баба која и онака минува низ тешко време.

Инсајдер од кралската Бакингамска палата, за американскиот „Ју-Ес Дејли“ рекол дека Вилијам има речено оти кралицата е многу загрижена околу нејзиниот сопруг, принцот Филип кој е тешко болен, дека е погодена од скандалот во врска со нејзиниот втор син, принцот Ендрју и обвинувањето за тоа дека пред петнаесетина години имал сексуална врска со (тогаш) постара малолетничка, а дека врв на сето тоа е актуелната состојба со братот Хари.

Натажено семејство

Тој и неговата сопруга Меган Маркл, претходно се огласија со едно соопштение на интернет за тоа дека одлучиле да се повлечат од високите кралски должности, дека сакаат да се финансиски независни и дека сакаат да живеат малку во Британија, а малку во Канада.
За ваквото соопштение кое ја шокира британската јавност, Хари и сопругата не консултирале и не известиле никого од кралското семејство. Не била известена ниту кралицата која го има благословено нивниот брак и која им ги има доделено ројалистичките титули, војвода и војвотка од Сасекс.

Медиумите во Лондон, веднаш објавија дека ваквата „шокирачка“ вест го натажило целото семејство, а посебно била погодена кралицата, бабата на принцот Хари.

Настојувајќи да се избегне ситуацијата во која медиумите би расправале за состојбите во кралската куќа, кралицата го повика Хари на итна средба, заедно со неговиот татко, престолонаследникот Чарлс и братот Вилијам, кого медиумите го посочуваат дека е вклучен во „братските недоразбирања“ за кои помладиот брат зборуваше, изминатата есен во едно интервју за британската телевизија Ај-Ти-Ви.

Период на транзиција

И после ваквата семејна средба на врвот, меѓутоа, работите не станаа ништо појасни, освен дека кралицата „се согласила со желбата на Хари и на Меган“.

Во специјалното соопштение на кралицата се вели дека таа и кралското семејство има разбирање за она што го бараат нејзиниот помлад внук и неговата сопруга, иако сите, како што е речено, би сакале младата брачна двојка, Хари и Меган (не се користени нивните службени кралски титули) да останат целосно членови на кралското семејство, со сите кралски обврски.

Она што од разговорите со кралицата Елизабета е договорено, тоа е „период на транзиција“ во кој младата двојка ќе живее во Канада и во САД, во Калифорнија, каде живее мајката на Меган.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе