Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Џејмс Бонд – само машко!

Sushiman/BigStock.com

Џејмс Бонд – само машко!

Продуцентите на филмовите за тајниот агент Џејмс Бонд изјавија дека агентот 007 може да биде само машко.

„Не сум воопшто заинтересирана улогата на еден машки лик да и се додели на жена-актерка. Мислам дека жените се многу поинтересни од тоа (да бидат таен агент)”

…изјавила во Лондон Барбара Броколи, еден од двајцата продуценти на оваа филмска серија.

Ваквата изјава претставува реакција на пишувањето на дел од лондонските таблоиди за тоа дека идниот Бонд би можел да биде жена.

Броколи и нејзиниот ко-продуцент Мајкл Вилсон признаваат дека се уште нема никаква одлука за тоа кој ќе го наследи Даниел Крејг во улогата на тајниот агент кој е во служба на нејзиното височество.

Крејг од порано соопшти дека најновиот филм „Нема време за умирање“ (No time to die) е неговото последно појавување во оваа филмска криминалистичка серија, во која учествуваше со пет филмови.

Според признанието на Броколи, се уште не било ниту почнато со потрагата по негов наследник за главната улога. „Се уште ми е тешко да признаам дека Даниел (Крајг) си заминува, иако ја прифатив неговата одлука“ – изјавила продуцентката.

Вилсон, пак, има речено дека наследникот на Крејг ќе биде малку поинаков и различен од досегашните ликови. Не објаснил што мисли под тоа, но медиумите шпекулираат дека како Бонд би можел да се појави некој од актерите од афро-американско потекло.

„Кога ќе се спомене Џејмс Бонд, веднаш се помислува на Британија, на Комонвелтот. Но Британија (денес) е мошне различна и изменета“ – рекол Мајкл Вилсон.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе