Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Голорак татко задавил којот бранејќи го детето

Gleb Tarro/BigStock.com

Голорак татко задавил којот бранејќи го детето

Еден голорак татко убил којот (прериски волк) бранејќи го своето две годишно дете кое било нападнато од ова диво животно – соопшти полицијата од малото место Хемптон Фолс, во американската сојузна држава Њу Хемпшајар.

Според изјавата на локалниот шериф, животното го нападнало семејството додека се движеле по шумската патека, низ шумските предели во близина на границата на оваа сојузна држава со соседната Масачусетс.

Којотот се без да биде забележан се приближил до семејството и ги нападнал луѓето, грабнувајќи го малечкото дете, за неговата облека. Неговиот татко, не размислувајќи ни за момент, се нафрлил врз дивото животно, грабнувајќи го цврсто за неговиот врат. Човекот и којотот започнале да се борат, додека таткото се поцврсто го стегал дивото животно за вратот, не попуштајќи ниту еднаш – се додека на крајот не го задавил.

Тогаш повикал помош од локалната полиција, а таа побарала интервенција на ветеринарската агенција. Во текот на борбата, храбриот татко се здобил со повреди по рацете од животното кое се борело за да се ослободи од него, па освен што примил прва помош, тој добил и вакцина против беснило- за секој случај.

Ветеринарската екипа го однела којотот за да испита дали бил заразен со беснило.

Веднаш после овој инцидент во малото место се разбрало дека истиот прериски волк на два пати, пред тоа, во истиот ден, нападнал жители на Хемптон Фолс. Првиот пат, додека едно семејство било во своето возило, но се повлекол кога автомобилот почнал да се движи. Вториот напад, меѓутоа, бил и посилен и поопасен, затоа што се нафрлил врз една 62 годишна жена додека била на утринска прошетка со своите две кучиња.

Жената била изгребана по рацете, но успеала да избега во дворот од својата куќа, а којотот се повлекол по борбата со двете кучиња. И жената и нејзините кучиња примиле вакцина против беснило.

Таткото кој го спасил своето дете од дивото животно, сега е вистински херој во тој дел од САД и откако за целиот случај пишуваа американските медиуми.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе