Поврзете се со нас

Skopje Global

Здравје

Откриен нов метод за лечење на ракот

digitalista/BigStock.com

Откриен нов метод за лечење на ракот

Група научници од Универзитетот во Кардиф, во Велс, во Британија, имаат откриено нов метод со кој би можело да се уништат речиси сите видови рак што ги нападнал човековите органи- пишува специјализираното списание „Нејчер Имунолоџи“.

Станува збор за Т-ќелиите во крвта што ги открија научниците од Кардиф, кои имаат рецептори што би можеле, во лабораториски услови, да пронајдат и да уништат широк спектар ќелии на ракот.

Овој метод, велат научниците, би можел да ги елиминира сите видови тумори на белите дробови, кожата, крвта, дебелото црево, женските гради, јајниците и на женските полови органи, потоа на коските, простатата, бубрезите. При тоа, здравото ткиво во организмот останува недопрено.

Овој метод не е тестиран на пациенти, но научниците тврдат дека тој нуди огромен потенцијал. Имунолошкиот систем претставува природна одбрана на организмот од разни инфекции,, но тој исто така ги напаѓа и канцерогените ќелии.

Научниците во крвта откриле т.н. Т-ќелии, кои како што се тврди може да го скенираат телото и да проценат дали постои некоја закана за здравјето – која би требало да се елиминира. Во исто време, тие може да се користат и за напад врз еден широк спектар карциноми.

„На овој начин постои можност да се лекува буквално секој пациент, иако досега никој не веруваше дека тоа е воопшто можно“ – изјавил за Би-Би-Си еден од тимот научници.

Всушност, замислата е од пациент заболен од некој облик на карцином, да се земе крв, а потоа неговите Т-ќелии генетски да се модификуваат и да репрограмираат, на тој начин што самите би направиле рецептори за откривање на ракот. Таквите ќелии би се развивале во лабораторија, а потоа би се внесувале во пациентот.

Методот досега е тестиран само врз животни, но не и врз луѓе.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Здравје

Горе