Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Кралицата го унапреди Вилијам

sportsphotographer.eu/BigStock.com

Кралицата го унапреди Вилијам

Британската кралица Елизабет го унапреди принцот Вилијам, својот внук, именувајќи го за нов Лорд – Висок комесар кај Генералното собрание на црквата во Шкотска.

На таа позиција, сегашниот војвода од Кембриџ, станува личен претставник на кралицата кај Шкотската црква, извршувајќи во нејзино име, официјални посети и разни церемонијални обврски.

Пред 37 годишниот Вилијам, постариот син на престолонаследник Чарлс, на оваа позиција беше лорд Ричард Скот, а пред него кралската принцеза Ана, единствената ќерка на кралицата.

Ова унапредување на Вилијам и нова ројалистичка титула, можеби ќе поминеше и незабележано доколку не се случува веднаш по разрешувањето на „спорот“ со неговиот помлад брат, принцот Хари (35) и неговото (преку интернет) објавено соопштение дека со сопругата Меган (38) се повлекуваат до сите (вакви) кралски обврски.

Оваа титула која сега му е доделена на Вилијам, многу е веројатно дека ќе му припаднеше на Хари.

За разлика од него, постариот брат и сопругата, војвотката од Кембриџ – Кетрин Мидлтон – (38), се повеќе се вклучуваат во разни кралски обврски. Последен пат тие беа домаќини на приемот во кралската Бакингамска палата, во името на кралицата, за учесниците на британско-африканскиот самит. Пред тоа, минатиот месец, тие ја придружуваа кралицата на приемот што таа го приреди за сите учесници на Самитот на НАТО, што се одржа во Лондон.

Вилијам ќе биде престолонаследник кога неговиот татко, Чарлс ќе стане британски крал.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Екстра Глобал

Горе