Поврзете се со нас

Skopje Global

Украина „загубила“ 11 милиони жители

Свет

Украина „загубила“ 11 милиони жители

palinchak/BigStock.com

Украина „загубила“ 11 милиони жители

Од 2001 година, Украина има „загубено“ 11 милиони луѓе – објави во Киев украинското државно биро за статистика.

Во земјата која е една од поранешните советски републики, нема организиран попис на населението веќе 19 години, па актуелните украински власти анализата за сегашната демографска состојба во земјата ја направиле – едноставно- споредувајќи го бројот на населението при последниот попис во 2001 година, со сегашната ситуација која се засновува само на проценки.

Во време на последниот извршен попис, имало 48,5 милиони жители. Според податоците со кои сега располага владата, во Украина живеат околу 37 милиони жители.

Од нив, проценката вели дека 20 милиони се жени и деца, додека над 17 милиони се мажи.

Голема миграција

Но, овие бројки може да се однесуваат само на територијата врз која има контрола владата во Киев.

Тоа значи без териториите на полуостровот Крим, што во март 2014без борба беше заземен, а веднаш потоа и припоен кон Русија, како и на источно-украинските територии Луганск и Донецк, во кој од април таа година трае вооружениот бунт на проруските сепаратисти кои во тоа ја имаат силната поддршка и помош на Москва.

Направената анализа за загубените 11 милиони украински жители, открива дека освен со губењето на територијата, Украинците „исчезнале“ и со неколкуте миграциони бранови – прво на Западот од Европа, како и во САД, иако сознанијата на властите откриваат дека најмногу жители на оваа земја се иселиле во соседните Полска и Русија.

Над шест милиони Украинци се иселиле во изминатите години и причината за тоа се нестабилната ситуација во оваа голема земја, економските и социјалните (не)прилики, недопрената корупција во годините од пост-комунизмот, како и воената состојба во последните пет години.

Низок наталитет

Освен тоа, сериозен проблем за Украина, уште од времето на комунизмот и советскиот период, е нискиот наталитет. Станува збор за проблем кој не е само украински, затоа што го има и во другите екс комунистички држави во Источна Европа- Унгарија и Бугарија, пред сите другите. А како стојат работите, Украинците, барем засега, не преземаат мерки за надминување на состојбата.

Во Киев се признава и дека тие немаат претстава што воопшто се случува на окупираните територии во годините откако тие се под руска контрола.

На Крим, пред анексијата имало два милиони население, додека во (советско време) Донбас во Источна Украина живееле шест милиони луѓе. Крим во Москва се прикажува како големото постигнување на руската воена и надворешна политика, посебно во делот што го сочинуваше поранешниот Советски Сојуз, што Русија со Владимир Путин го смета за своја стратешка и безбедносна зона, па претпоставка е дека бројот на населението е истиот.

Меѓутоа, за Луганск и Донецк е познато дека поради воените судирања има големо раселување и голем број бегалци кои избегале од оваа воена зона. Таму сега судирањата се „замрзнати“ но ситуацијата е далеку од тоа за да гарантира враќање на луѓето, а уште помалку утврдување вистинската демографска состојба.

(К.У.)

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Свет

Горе