Поврзете се со нас

Skopje Global

Свет

„Фиат-Крајслер“ подмитувал синдикалци контра „ЏМ“!

Jonathan Weiss/BigStock.com

„Фиат-Крајслер“ подмитувал синдикалци контра „ЏМ“!

Мултинационалната компанија „Фиат-Крајслер“ (ФЦА) е формално обвинета во САД дека нејзини функционери давале поткуп (во пари и друго) на синдикалци за да дејствуваат против конкурентската компанија „Џенерал Моторс“ (ЏМ)!

ФЦА ги отфрла обвинувањата и се брани со формално-прави работи, како недостиг од докази, или задоцнето реагирање, но ЏМ веќе има поднесено тужба во федералниот суд во Детроит, во која мултинационалната компанија се обвинува за рекет.

Според тужбата на „Џенерал Моторс“, конкурентската компанија ФЦА подмитувала функционери на Синдикатот на работниците од автомобилската индустрија, за да притискаат кај работодавачите на ЏМ за повисоки плати, со што би ја притискале големата и моќна ЏМ да мора да се спои со, инаку, помалата ФЦА.

Според американските медиуми, станува збор за случај без преседан во тамошната правна пракса, но и во однесувањето на една компанија кон друга, колкава и да е жестока конкуренцијата, битката за пазарот и амбицијата за останување во автомобилскиот бизнис.

ЏМ тврди дека станува збор за рекет и дека за тоа ФЦА има платено милиони долари поткуп на синдикалните лидери за да се изборат за три колективни договори, инаку, неповолни за ЏМ. Оваа компанија во својата тужба наведува дека „Фиат-Крајслер“ ги поткупувал синдикалците во 2009, во 2011 и во 2015 година, со единствена цел – ФЦА да стекне предност во однос на поголемата и помоќна „Џенерал Моторс“.

Откритијата на медиумите доаѓаат откако истрагата за целиот случај траела неколку години.

Таа била насочена кон подмитувањето на синдикалните лидери. Како резултат на тоа, судот како обвинети посочува десет лица. Од нив, осуммина веќе ја имаат признаено својата вина. Тројца обвинети од компанијата ФЦА веќе се и осудени.

Што се однесува до ЏМ, оваа компанија сега ќе мора да докаже дека „Фиат-Крајслер“ спроведувал рекет со намера да ја преземе контролата врз синдикатот, што е кривично дело, како и тоа дека таквата намера му има предизвикано штета на „Џенерал Моторс“.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Свет

Горе