Поврзете се со нас

Skopje Global

Доналд Туск: Брисел се поистоветува со Единбург

Европа/ЕУ

Доналд Туск: Брисел се поистоветува со Единбург

Creatista/Bigstock.com

Доналд Туск: Брисел се поистоветува со Единбург

Поранешниот претседател на Европскиот совет, Доналд Туск изјави дека Брисел се поистоветува со (евентуалното) приклучување на независна Шкотска кон ЕУ. Но Туск, исто така,  рекол дека, сепак, станува збор за ентузијазмот што не значи дека Шкотска, автоматски, би можела да биде дел од Унијата.

Во разговор за Би-Би-Си, Туск рекол дека после Брегзит, тој самиот се чувствува многу „шкотски“  настојувајќи да објасни дека може да го разбере расположението на Шкотланѓаните, откако Британија на 31 јануари, на полноќ, формално  ја напушти ЕУ. Во Единбург гневно реагираа дека „ Шкотска насила  била извадена од ЕУ и покрај спротивните желби и барања на нејзините граѓани“.

Емоционална поддршка

На референдумот за Брегзит, Британците, како целина, се определија за напуштање на ЕУ. За Брегзит гласаа 51,9 отсто, додека за останување во Унијата се определија 48,1 отсто од гласачите. Но, во Шкотска, уверливо мнозинство беше против Брегзит- дури 62 отсто.

Според Туск, кога работите се гледаат емоционално, нема дилема дека секој во ЕУ би бил полн со ентузијазам за шкотското членство – како во Брисел, така и низ Европа.

„Затоа, ако ме прашувате за нашите (на ЕУ) емоции , можам да ви речам дека ние се поистоветуваме“ (со нив, со шкотските амбиции).

Меѓутоа, во секој случај, секој натамошен чекор на евентуално независна Шкотска нема да биде автоматски прифатен. Тоа значи дека земјата не би можела  , без да ги помине  формалните работи и исполнување на европските одредби и правила, да стане дел од Унијата“- рекол Доналд Туск.

Брисел го менува ставот?

Според овој полски политичар, поранешен премиер на Полска, разговорите за перспективите на Шкотска, како членка на ЕУ , претходно мора да ја поминат внатрешната дебата во Британија, околу иднината на земјата, како и дека тој, во сето тоа, нема никаква улога за да се меша.

Ваквата реакција на доскорешниот претседател на Европскиот совет, во два едно по друго мандати, доаѓа откако низа европски политичари изразија жалење поради британското излегување од ЕУ, после 47 години членство. Францускиот претседател Емануел Макрон, на пример, рече дека „ длабоко жали“ , додека Белгиецот Ги Верхофстад изрази надеж дека „ЕУ е проект на кој Британија би сакала одново да му се приклучи“.

Во секој случај, впечаток е дека Брисел, сега после Брегзит, како да го менува ставот кон можноста Шкотска, како независна држава, да стане дел од Унијата. Поранешниот претседател на Европскиот совет Херман Ван Ромпуј уште во 2019 година има речено дека „ верува  оти Брегзит ќе ги измени ставовите кон шкотската независност“.

Без специјален третман

Центарот за европска политика со кој Ромпуј претседава има направено анализа за Шкотска како земја надвор од Велика Британија и како членка на ЕУ. Во неа се заклучува дека Унијата „позитивно би се ангажирала“  околу Шкотска, доколку таа се отцепи , по еден законски уреден и одржан референдум.

Во заклучокот, меѓутоа, се посочува дека владата во Единбург не би можела да очекува дека земјата би имала некаков специјален третман. Како и другите и таа ќе мора да ги прифати сите обврски за да може да биде земја членка, вклучувајќи го влегувањето во зоната на еврото. Што ќе рече- Шкотска би морала да ја помине процедурата која се однесува и за земјите кандидатки и на оние кои веќе преговараат за влез во ЕУ.

Изјавата на Доналд Туск беше нервозно примена во Лондон. Министерот за надворешни работи Доминик Раб предупреди дека изјавата на Туск значи „ охрабрување на сепаратизмот“. Според него,  зборовите на полскиот политичар делуваат  „ неевропски и неодговорно“.

(Д.Л.)

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Европа/ЕУ

Горе