Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

На Кејт и недостига Хари

wfpa/BigStock.com

На Кејт и недостига Хари

Кетрин (Кејт) Мидлтон, војвотката од Кембриџ (38) се уште жали по блиските односи што (од почетокот на нејзиното влегување во кралското семејство) ги имаше со принцот Хари (35) – рекол инсајдер од семејството за американскиот неделник „Ју-Ес Викли“. Истиот извор уште рекол дека Кејт дури и „скришум плаче, поради буквалната и фигуративната оддалеченост меѓу неа и нејзиниот девер“!

Според инсајдерот, таа би сакала да може да зборува со Хари. „Тој очигледно е дека и недостига, а таа стравува дека нема никогаш повеќе да биде блиска со него“ – рекол изворот за американскиот весник.

Кризно расположение

Војвотката Кејт, заедно со својот сопруг Вилијам (37) и нивните три деца, велат дека има полни раце работа. Има денови кога работи и по 18 часови, па затоа и била ослабната. Но се верува дека сега минува низ период кога стравува за тоа дали ќе може да ја изврши целата работа и сите задолженија кои ги добива, искачувајќи се забрзано кон врвот на кралското семејство.

Овој весник пишува дека откако принцот Хари и неговата сопруга Меган соопштија дека се повлекуваат од своите ројалистички задолженија, целата кралска палата како да е западната во кризно расположение.

Во таа и таква атмосфера, војвотката Кејт се повеќе се вклучува во обврските што ги има како идна британска кралица – сопруга на својот сопруг, војводата од Кембриџ, настојувајќи максимално да придонесе за „осветлување на образот“ на целото кралско семејство.

Промотор на семејството

Таа со Вилијам се речиси постојано присутни во јавноста, се повеќе сами како двојка, а по ретко и со кралицата Елизабета, како претставници на семејството кое освен со „случајот Хари“ се измачува и со постапките на вториот син на кралицата, принцот Ендрју, од пред петнаесетина години, околу обвинувањата за тоа дека имал секс со постара малолетничка, „изнајмена“ од неговиот американски пријател Епстајн кој во меѓувреме се самоуби во затворот во Њујорк.

Излегува сега дека токму Кејт, која за разлика од Меган, од пред бракот беше подготвувана за оваа улога, е поставена во првата линија за презентирање на кралското семејство во британската, но и во меѓународната јавност.

Се смета дека токму и затоа на Кејт и недостига Хари, кој заедно со братот Вилијам, беа определени да бидат новите ликови на Виндзорови, на семејството на веќе остарената кралица која повеќе не може да се носи со таа улога.

Хари разочаран!?

Медиумите во САД, пред се, меѓутоа, забележуваат дека кралицата – бабата на Хари, сепак се има налутено на него, не само од решението да се повлече од кралските обврски, колку што за тоа разбра од медиумите, иако тоа официјално не се прикажува на тој начин.

Без многу размислување таа се согласи со она што го бараше Хари, а потоа, прво му додели уште една титула и обврска на братот Вилијам, која се верува дека требало да ја има Хари, а сега се најавува дека и свадбата на нејзината внука Беатрис (ќерка на Ендрју и Сара Фергусон, војвотка од Јорк) ќе добие повисоко, ројалистичко значење, што претходно не беше предвидено.

Сето тоа доаѓа во време кога некои медиуми објавуваат дека Хари бил разочаран од односот на семејството, очигледно не очекувајќи дека тие така лесно ќе се откажат од него.

Некои сметаат дека сите вакви случувања се дел од казнувањето на немирниот принц, но и се обид да се поправи сликата за семејството и над се, дека се дел од она – животот тече понатаму.

(С.Г.)

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Екстра Глобал

Горе