Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

Швајцарија најскапа – Македонија меѓу најевтините за живеење

Mario Krpan/BigStock.com

Швајцарија најскапа – Македонија меѓу најевтините за живеење

Швајцарија е земја со најскапи трошоци за живеење во светот – според листата што ја има направено меѓународното бизнис списание „Цеоворлд“. Според скапотијата на живејачката, на второ место е Норвешка, додека на третото е малата островска држава во северниот Атлантик – Исланд.

Македонија е рангирана при дното, меѓу државите кои се третираат како најевтини за живеење.

Во групата на првите десет по скапата живеачка се и Данска, Луксембург, Јапонија, Бахамите, како и Израел, Сингапур и Јужна Кореја.

При изработувањето на рангирањето на државите, биле земани во предвид цените на станарината, на прехранбените производи, потоа цените на облеката и на такси услугите, давачките за т.н. режиски трошпци – сметките за комуналните услуги- па на интернетот, превозот во целина, како и цените на храната во локалните ресторани.

На оваа листа, богатите европски земји како Франција и Германија се различно поставени. Живејачката во Франција е поскапа и таа е рангирана на 16 место, додека побогатата Германија е поевтина за живеење и е рангирана како 29-та. И САД се поевтини за живот од Франција, па се поставени на 20 место.

При правењето на оваа и ваква ранг-листа, се користени податоците и сознанијата за вкупно 132 држави низ целиот свет.

Од државите на просторот од некогашна Југославија, како што тоа беше и порано, и сега Словенија останува најскапа за живеење. Оваа поранешна ЈУ република е 47 на листата. Хрватска е на 53-то место, па како се рангирани овие две земји излегува дека се поскапи од една Кина која е 80-та, или од Русија 82, иако големите кинески градови, пред се, Пекинг и Шангај, како и рускиот главен град Москва, се меѓу најскапите градови во светот.

Црна Гора е на 90 место, Босна и Херцеговина е на 96-то, додека Србија е рангирана како 98.

Република Северна Македонија е 113-та, што значи дека е најевтина меѓу сите поранешни југословенски републики според правените параметри, но и меѓу државите во светот. Зад Македонија од екс ЈУ просторот се наоѓа само Косово (124).

На дното на оваа листа се поставени Пакистан, Авганистан, па Индија која важи за државите со забрзан економски развој (членка на Г-20), како и Сирија и Узбекистан, каде животните трошоци се најниски.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Вести

Горе