Поврзете се со нас

Skopje Global

Европа/ЕУ

ИРА спремала напад за Брегзит

oto VDW/Bigstock.com

ИРА спремала напад за Брегзит

Северноирската полиција соопшти дека дисиденти на расформираната, паравоена Ирска републиканска армија (ИРА)  подготвувале терористички напад, што требало да се случи во ноќта на Брегзит, на полноќ, меѓу 31 јануари и 1 февруари.

Нападот требало да се изведе со помош на експлозивна направа, прикачена на камион што требало да патува за Британија, а експлозијата  да се изведе  токму на полноќ, кога возилото било предвидено  да се најде на британска територија, во моментите кога брегзитерите го славеа излегувањето на земјата од ЕУ. Но во таа ноќ немаше никаков терористички напад, ниту експлозија, како во Северна Ирска, така и на територијата на Британија.

Алстерски милитанти

Полицијата сега открива како изгледала експлозивната направа, каде била поставена на возилото и дека  била успешно демонтирана. Во тек е полициска, но и разузнавачка истрага за инцидентот кој за среќа завршил само со обид.

Она  што засега е познато за јавноста, тоа е дека планираниот напад требало да тргне од  градот Лурган, во областа Арма, во Северна Ирска.

Оваа област која во еден дел се наоѓа на територијата на Северна Ирска, а другиот (јужниот) дел е на територијата на Република Ирска,  е позната како  една од неколкуте се уште силни упоришта на приврзеници на алстерските, републикански милитанти во северната покраина која е дел од Обединетото кралство. Токму во Арма, беше изведен и еден од последните напади на дисиденти на ИРА врз една локална воена касарна, при што беа убиени неколку британски војници.

Праќање порака?

За сегашниов напад, планиран за Брегзит, полицијата претходно има добиено дојава и при тоа било посочено камионското депо во Лурган. Меѓутоа, контролата што била направена врз паркираните камиони, не открила ништо, па се претпоставило  дека  повикот бил лажен. Бомбата, сепак, била откриена подоцна, кога  полицијата примила уште еден повик.

Познато е дека камионот со бомбата, во таа ноќ, требало да се натовара на ферибот што пловел кон Шкотска. Бродот испловил, но камионот, сепак, останал во депото, а бомбата не била активирана.

Властите во Северна Ирска го осудуваат инцидентот како потег на оние на кои не им значат ништо тешките последиците доколку се случеше експлозија- во самото депо, на фериботот, или некаде на копното. Освен возачот, за кого се верува дека би настрадал, експлозијата можела да предизвика смрт и повреди на низа недолжни луѓе.

Полицијата верува дека целата операција била замислена и изведена од страна на локалните националистички милитанти. Но сега настојува да утврди што се  случувало во меѓувреме и зошто нападот  бил откажан. Дали затоа што камионот кој и припаѓа на компанија, која располага со 400 вакви возила, не бил испратен на пат, или пак затоа што можеби напад не било ниту предвидено да се изведе.

Идејата за обединување- останува

На оние кои стојат зад случајот, можеби најважно им било да се зборува и да се пишува, само за да се потсети јавноста  дека милитантното подземје во Северна Ирска не е мртво и дека намерата за повторно обединување на Северот и на Југот од островот Ирска, во една држава, останува и натаму- и без ИРА. Особено сега кога Британија излезе од ЕУ.

Брегзит и онака се посочува како закана за целиот мировен процес во Северна Ирска , започнат со разоружувањето на ИРА, а „ запечатен“ со мировниот договор од Велики петок, во април 1998 година.

За ирските националисти во британската покраина, пак,  „разводот“ на Британија , а посебно договорот на Лондон и Брисел за Брегзит,  со кој северноирската територија се претвора во своевидна транзит зона, каде продолжуваат да важат европските прописи за единствениот пазар, претставува само „  фаза за обединување на двете ирски територии“.

Конечно, на референдумот за Брегзит, во јуни 2016 година,  мнозинството гласачи од Северна Ирска се определија против британското напуштање на ЕУ.

(Д.Л.)

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Европа/ЕУ

Горе