Поврзете се со нас

Skopje Global

Русинка одбива враќање во карантин

Здравје

Русинка одбива враќање во карантин

Kwarkot/Bigstock.com

Русинка одбива враќање во карантин

Една 32 годишна Русинка која била во карантин, под сомнение дека е заразена со коронавирусот, а од таму побегнала, сега им се спротивставува на руската полиција и на здравствените власти. Тие  на сила сакаат да ја вратат назад, во болница, но Ала Иљина се забарикадирала во својот стан во Санкт Петерсбург, одбивајќи да отвори врата и било кого да прими во станот.

Иљина која е дипломиран лекар вели дека минатиот месец се вратила од Кина, но дека иако сите тестови кои и биле направени покажале оти е негативна на смртоносниот вирус, во болницата и рекле дека сепак ќе мора да помине уште две недели во карантин. Кога ја оставиле сама во собата, таа ја прекинала електронската направа што и била поставена на раката и избегала.

Уште две недели во изолација

Признава дека откако на 30 јануари се вратила од одморот на кинескиот остров Хаинан, почувствувала болки и дека грлото и е воспалено. По шест денови, таа се одлучила да побара лекарска помош и веднаш била ставена во карантин , во специјализираната болница за заразни болести Боткин во Санкт Петерсбург.

Останала во карантин додека врз неа се вршеле тестовите, но тие покажале дека не е заразена со коронавирусот. Кога требало да ја отпуштат, лекарите ја известиле дека како мерка на претпазливост, таа сепак, ќе мора и натаму да остане во болницата, уште дополнителни 14 денови . Се верува дека токму толку трае максималното време за инкубација.

Меѓутоа, Иљина се спротивставила на тоа. „ Зашто да ме држат во карантин кога сум здрава“- изјавила Русинката, забележувајќи им на здравствените власти што и онака ништо не направиле во деновите додека таа била во болница. Сега се очекува судски налог, за да полицијата насила влезе во станот и да ја одведе во болница, каде ќе биде во дополнителен карантин.

Русите од Кина се носат во Сибир

Не се знае зашто таа толку се спротивставува на карантинот кога не само Кина, туку сега веќе и светот сериозно е загрижен од заканата  коронавирусот да се рашири со голема брзина на сите страни. Некои сметаат дека Русинката била гневна поради лошите услови во болницата, додека други  мислат оти и пречат насилните методи кои се применуваат кон неа. Но, непристрасните ја осудуваат, затоа што како лекар таа би требало да биде свесна за заканата од вирусот што не може да се стави под контрола.

Вирусолозите се уште не се сигурни дали оние кај кои не е откриен вирусот може да се сметаат за сосема  безбедни и дека не може да ја рашират заразата. Во Русија се смета дека барем  засега, ситуацијата е под контрола. Според тамошните власти- официјално се знае за само два случаи- и во двата станува збор за Кинези.

Во самата Кина, меѓутоа, ситуацијата и натаму е загрижувачка- над 1400 лица се починати до правењето на овој текст. Над 65 илјади се заразени, а од нив над 1700 се медицински персонал.

Русија од Кина евакуира околу 150 свои државјани и сите се однесени во карантин, на посебна локација во Сибир, во далечната Тјуменската област.

 

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Здравје

Горе