Елтон Џон се расплака на концерт
Англиската пејачка ѕвезда Елтон Џон го прекина својот концерт во Окланд, најголемиот град во Нов Зеланд, откако наеднаш го загубил гласот. Од сцената бил однесен расплакан, со помош на еден од неговите музичари.
На многубројната присутна публика на еден тамошен стадион, Елтон со солзи во очите и со растреперен глас само им рекол : „ Не можам да пеам. Го загубив гласот„.
Публиката на тоа реагирала со бурен аплауз и го испратила со овации додека прославениот пејач и композитор си одел од сцената.
Подоцна на Инстаграм, Елтон има запишано дека лекарите констатирале оти има благо воспалување на белите дробови. Признал дека во таква состојба не би требало да настапи, но дека тој сепак се одлучил да пее.
„Свирев и пеев додека можев, но гласот наеднаш ме издаде. Едноставно, застана. Не можеше повеќе“- напишал во својата изјава по повод случувањето на концертот, признавајќи дека е разочаран и тажен, но и дека е загрижен. „ Во секој случај и благодарам на публиката за поддршката„- напишал на Инстаграм, Елтон Џон.
Планирано е тој да одржи два концерти во Окланд, во текот на оваа недела. Сега тоа ќе зависи од неговата здравствена состојба. Последните информации од Нов Зеланд, според локалните медиуми, тврдат дека Елтон Џон, сепак, ќе настапи и покрај болеста.