Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Полански го „растури“ Сезар

Denis Makarenko/BigStock.com

Полански го „растури“ Сезар

На десетина денови пред свеченото доделување на филмската награда Сезар, која претставува француска верзија на американскиот Оскар, јавноста во Франција се соочува со скандалот што настана поради колективната оставка на Управниот одбор на тамошната филмска академија, која ја доделува наградата.

Поводот за скандалот е ветеранот на полскиот, американскиот и францускиот филм, режисерот Роман Полански и неговиот најнов филм, но и неговата контроверзна личност околу која со децении наназад се водат полемика за тоа дали тој е виновен, или не за „гревот“ направен уште во седумдесеттите години на 20 век.

Дури 400 угледни личности од францускиот филм, познати режисери, продуценти и актери во јавна петиција побараа темелни промени во работата на филмската академија околу номинирањето и доделувањето на Сезар.

Големи критики на управата и се упатени за одлуката последниот филм на Полански „Обвинувам“ да биде номиниран во 12 категории, што низа филмски критичари и филмски работници го сметаат за необјективно и претерано. Сите тие, како и потписниците на петицијата, сметаат дека филмската академија работела нетранспарентно и дека таквата пракса, за која се вели дека се провлекува со години на ред, сега веќе мора да се промени.

Освен тоа, многумина во француската културна јавност, вклучувајќи ја и министерката за женска рамноправност, се огласија со критики, тврдејќи дека Полански како човек, со мрачно минато, не би требало да биде награден.

Тој со години и избегнува на правдата (во САД) каде е обвинет и еднаш осуден за секс со малолетнички во средината на седумдесеттите години од минатиот век. Кога требаше да оди во затвор, Полански побегна во Франција. Француските власти, а подоцна и полските го штитат режисерот, повикувајќи се на тоа дека според нивните закони, не може да екстрадираат државјанин на Франција (и на Полска). Роман Полански, инаку Полјак по потекло, има двојно француско-полско државјанство.

Во Франција се погласно се бара и тој да одговара за случаите од минатото, онака како што во САД им се суди на познати личности од филмскиот свет. Ваквите барања се засилија откако пред премиерата на филмот „Обвинувам“, француската фотографка Валентин Моније го обвини Полански дека ја силувал во 1975 година, кога таа имала 18 години.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе