Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Буџетски пари за потрагата по И.Т.?

dean zangirolami/BigStock.com

Буџетски пари за потрагата по И.Т.?

Американскиот астроном Ентони Бисл изјави дека време е, многу посериозно од досега, да се тргне во потрагата по интелигентните облици на живот во вселената.

Според Бисл, за тоа, сепак, се неопходни многу средства, многу повеќе од оние со кои сега се располага.

Затоа, овој научник побара од владата на САД, но и од владите во светот, да почнат да издвојуваат повеќе буџетски средства за оваа цел – што инаку, со години на ред, тие го одбегнуваат.

Ваквото барање на еден угледен астроном, инаку директор на американската државна опсерваторија за радио астрономија во Шарлотвил, претставува значајна промена во позициите на научниците кон ова подрачје, како што е потрагата по „малите зелени човечиња“ во вселенскиот простор.

Досега интелигентните облици на живот, надвор од планетата Земја, беа сметани само за научна фантастика, која е на работ од науката и вистинската научна работа.

Бисл, меѓутоа, ова прашање го има отворено на една научна конференција во Сиетл (САД) на која се заложил за потребата „сериозно да се тргне“ во потрагата по вонземски облици на живот, за што научниците веќе имаат определено и посебен термин – СЕТИ – од англиската кратенка за Search for Extraterrеstrial Intelligence (Потрага по Вонземјани-И.Т.).

„Ова е времето кога е потребно СЕТИ да се оживее и да се интегрира со другите облици на астрономијата“ – рекол Ентони Бисл на конференцијата во Сиетл.

Еден голем приватен донатор за програмата СЕТИ, во меѓувреме, веќе има објавено дека големиот телескоп од опсерваторијата VLA (Very Large Array) во сојузната американска држава Њу Мексико, наскоро ќе биде користен за потрагата по знаци за вонземјаните и за вонземскиот облик на живот – во другите светови.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Екстра Глобал

Горе