Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Трамп против оскаровецот „Паразит“

Трамп против оскаровецот „Паразит“

На една средба со своите симпатизери и гласачи, претседателот Доналд Трамп му се потсмевал на јужнокорејскиот филм „Паразит“ – победникот на годинешново доделување на наградата Оскар, осудувајќи ги членовите на американската филмска академија, што наградата за најдобар филм му ја доделиле на – странски филм.

„Па, што беше она во Холивуд, со Оскарите. Што направија оние од академијата – за најдобар филм прогласија еден јужнокорејски. Па, тој е странски филм и може да биде така награден само како странски филм. За да се гледа треба превод и субтајталс….Тоа не е филм во кој се зборува англиски…“ – рекол Трамп, исмевајќи го годинешниот Оскаровец.

Една „црна“ комедија за силните класни разлики, како и за материјално-социјалната нееднаквост во јужнокорејското општество.

Притоа, Трамп во својот настап прашал – „Може ли да ни се вратат (филмови) како „Однесени со виорот“, или еден „Сансет Булевар“, на пример.

Првиот е снимен уште во 1939 година и зборува за времето на граѓанската војна, на југот во САД. Тој се уште важи за филм кој досега има освоено најмногу награди Оскар, но на него во денешна САД се гледа со малку поинакви очи – филмот се критикува поради расистичките стереотипи и за носталгичноста кон ропството.

На потсмешливите критики на американскиот претседател реагирал претставник на дистрибутерот на „Паразит“ – компанијата „Неон“.

Тој на интернет напишал дека „критиките се разбирливи кога човекот не знае да чита (превод)“.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе