Поврзете се со нас

Skopje Global

Брифинг/Weekly

Сандерс до Путин – Не ми помагај во кампањата!

Sheila_F/BigStock.com

Сандерс до Путин – Не ми помагај во кампањата!

Демократскиот претседателски претендент, сенаторот Берни Сандерс ја предупредил Москва да не се меша во американските избори, заедливо порачувајќи му на рускиот претседател Владимир Путин – да не му „помага“  во кампањата.

Функционери на разузнавачкиот сектор зборуваат дека Русија и овој пат (како во 2016 година) се меша во изборната кампања. На Путин му реков: доколку бидам избран за претседател, верувај те ми повеќе нема да се мешате во американските избори

…изјавил Сандерс пред новинарите, за време на својата посета на Калифорнија.

Реакцијата на 78 годишниот сенатор од сојузната држава Вермонт доаѓа откако разузнавачки функционери го известиле дека Москва се обидува да ја помага неговата кампања. Целта била токму овој левичарски претендент од т.н. социјалистички блок на партијата да биде номиниран од демократите, за изборниот дуел со актуелниот претседател Доналд Трамп за кого (и сега) навивала руската страна.

Се верува дека Сандерс ќе победи на предизборите во сојузната држава Невада (во сабота), како и дека на стартот од долгиот изборен процес ќе се појави како фаворит, но дека на крајот, наспроти Трамп тој би доживеал уверлив пораз. Досегашните анкети покажуаат дека мнозинството Американци (49 отсто) не сакаат претседател на САД да биде еден социјалист.

Главната работа на целото мешање од надвор е – да се елиминира умерениот демократски претендент, Џо Бајден, поранешен потпретседател на САД, во времето на администрацијата на Барак Обама, против која Москва војува уште од времето на изборите во 2016 година, обвинувајќи ја за губењето на Украина и за санкциите кои и се наметнати.

Весникот „Вашингтон Пост“ кој се повикува на разузнавачки извори тврди дека тајните служби за овие сознанија ги известиле Конгресот и претседателот Трамп, како и самиот Сандерс. Проценка е дека руското мешање е регистрирано во ширењето дезинформации, во „отровната“ пропаганда со цел да се предизвика раздор во американското општество и во пласирањето лажни вести.

Премиер обвинет за убиство на екс сопругата

Премиерот на африканската држава Лесото, Томас Табане (80) е обвинет од домашната полиција за убиството на неговата поранешна сопруга.

Убиството се случило во 2017 година, додека траела бракоразводната постапка, на само два дена пред неговата инаугурација како претседател на владата.

Претходно, за истиот случај е обвинета и сегашната сопруга на премиерот, Масаја Табане која е 32 години помлада од премиерот. Тие двајцата се венчале два месеци по убиството, на еден локален стадион, пред голема маса народ.

Пред да биде одведен на сослушување во судот, каде требало и официјално да биде обвинет, Табане побегнал во соседна Јужна Африка. Неговиот кабинет, подоцна демантираше дека тој е во бегство, тврдејќи дека заминал на лекување, но никој не знае што од сето ова е точно.

Според полицијата, поранешната сопруга била убиена во околината на главниот град Масеру, каде била во посета со еден свој пријател.

Точно не се знае кој бил мотивот за злосторството, но се верува дека дошло до голема семејна расправија, кога (убиената) екс сопруга одбила да се откаже од титулата „прва дама“ која , по закон можела да ја има и кога повеќе не би живеела со поранешниот сопруг.

Новата госпоѓа Табане, меѓутоа, инсистирала таа да го има статусот на прва дама во Лесото, по автоматизам, откако ќе се омажи. Во нормални услови, тоа можело да се случи ако претходната сопруга самата да се откаже од титулата, или доколку е почината.

Томас Табане е првиот африкански политички лидер кој е обвинет за домашно насилство и убиство на поранешната сопруга, додека се уште е на функцијата.

Пуштени од „Дајамонд Принцес“ без тестирање

Јапонските власти признаа дека (по грешка) пуштиле да се симнат од бродот-крузер „Дајамонд Принцес“ 23 од неговите патници, без претходно да ги тестираат дали се позитивни на смртоносниот коронавирус.

Властите подоцна соопштиле дека ги откриле сите патници и ги ставиле во нов, двонеделен карантин, но епидемиолозите сега го користат овој случај за да ја објаснат целата ситуација околу крузерот кој после Вухан, има најголем број заразени и заболени пациенти во светот, надвор од Кина.

Околу 650 патници и членови на екипажот, од вкупно 3700 лица, се заразија и оболеа од вирусот, од само еден заразен патник, кој инаку се симнал во Хонг Конг.

Здравствените експерти објаснуваат дека ниту лекарите на бродот знаеле што да прават, а ниту се снашле со ситуацијата откако им било јавено за што станува збор и за тоа како да постапуваат и особено како да го спроведуваат карантинот.

Луѓето биле задржани по кабините, сите носеле маски, но се собирале на палубите, во рестораните и во заедничките простории, практично ширејќи ја заразата едни од други. Има мислење дека слободното користење на базените , особено го има забрзано ширењето на вирусот.

Јапонија, на чија територија се префрлаат заболените пациенти од бродот, има пријавено 750 случаи со коронавирусот. Министерството за здравство, сепак, вели дека без малку 650 се патници и луѓе од екипажот на крузерот.

Американските туристи (околу 300) од вкупно 450 државјани кои беа префрлени во САД, сега се во две воени бази, во за нив трет карантин. Но тамошните лекари утврдиле дека 18 допатувале во Америка заразени, иако се третирале како здрави.

Слично е забележано и кај шестмина Австралијанци и еден Израелец. Според американските медиуми, мерките за карантин на бродот биле „катастрофални“ , па сега се стравува дека сите кои се симнаа на бродот и заминуваат за земјите од каде потекнуваат, остануваат како потенцијална опасност за средините во кои доаѓаат.

СЗО предупредува на опасноста од можен „повратен удар“ на вирусот, кога во Кина ситуацијата полека се смирува.

Наеднаш, забрзано расте бројот на заразени во Јужна Кореја, каде само во еден ден се регистрирани повеќе од 200 нови случаи. Ситуацијата внимателно се следи и во Европа, а Светската здравствена организација од сите држави побара максимална претпазливост.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Брифинг/Weekly

Горе