Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Харви Вајнстајн осуден за силување

excelentphoto/BigStock.com

Харви Вајнстајн осуден за силување

Поранешниот познат холивудски продуцент Харви Вајнстајн (67) е осуден за силување и за сексуален напад врз две жени. Осудата се однесува за сексуален напад во 2006 и за силување во 2013 година. Висината на казната се уште не е определена, но за овие две кривични дела тој би можел да добие казна затвор до 29 години.

Поротата во која имало седум мажи и пет жени, меѓутоа, го ослободила за трите други, потешките кривични дела за кои беше обвинет. Тоа посебно се однесува за т.н. предаторски сексуален напад, за кој можеше да биде осуден и на доживотен затвор.

Вајнстајн кој веднаш по пресудата, бил префрлен во болница, поради болки во градите, го очекува уште едно обвинување за силување на две жени, исто така, во 2013 година.

Неговите адвокати најавија жалба на пресудата, а тој самиот и натаму тврди дека е невин. Според еден од адвокатите, по соопштувањето на пресудата, осуденикот рекол – „зарем и ова може да се случува во Америка“.

Жртвите на насилството, меѓутоа, ја поздравиле одлуката на судот во Њујорк, означувајќи го тоа како „голем настан“ и како „значаен ден за правдата“.

Околу 80 жени го обвинуваа некогаш најтрофејниот продуцент во Холивуд за сексуално насилство, за злоупотреба и за силување, во период од неколку децении.

Меѓу оние кои го осудуваа Вајнстајн беа и неколку познати холивудски ѕвезди, како Гвинет Палтроу, Селма Хајек, Ума Турман и Анџелина Џоли, но нивните обвинувања, како и оние на поголемиот број од другите жени, не се третираат како кривични дела.

Харви Вајнстајн, како продуцент е добитник на четири Оскари за филмовите „Вљубениот Шекспир“, „Палп Фикшн“, “Добриот Вил Хантинг“ и за „Говорот на кралот“.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Екстра Глобал

Горе