Поврзете се со нас

Skopje Global

Свет

Пет години од убиството на Немцов

Dzurag/BigStock.com

Пет години од убиството на Немцов

Над дваесет илјади луѓе излегоа на улиците на Москва, на протест по повод пет годишнината од убиството на еден од лидерите на руската опозиција, Борис Немцов. Тој беше убиен на 27 февруари 2015 година, во центарот на рускиот главен град, во непосредна близина на Кремљ, додека се шетал со една жена.

Убиецот од зад и се приближил на двојката додека меѓу себе разговарала и испукал два истрели од непосредна близина во главата на Немцов, убивајќи го на самото место. На младата жена која била со него ништо не и се случило, но таа не успеала да го види лицето на ликвидаторот.

Остар критичар на Путин

Професионално изведеното убиство врз еден угледен опозициски политичар предизвика шок во руската и во меѓународната јавност. Особено од начинот на кој беше изведено и посебно според локацијата каде се случи, во непосредна близина на резиденцијата на рускиот претседател.

Руските власти многу брзо за убиството обвинија неколкумина Чеченци кои беа уапсени, а потоа и изведени на судење. Еден оперативец на чеченските безбедносни сили кои инаку Кремљ ги поддржува, беше осуден на 20 години затвор за убиството на Немцов, додека четворица други беа осудени на затворски казни меѓу 11 и 14 години, за вмешаност во убиството.

Никогаш не се утврди кој ја има нарачано ликвидацијата на Немцов и зашто тој мораше да биде убиен, на помалку од една година по руската интервенција и анексија на Крим, а потоа и по интервенцијата во Источна Украина. Немцов беше остар критичар на внатрешната и на надворешната политика на Владимир Путин, а посебно на интервенцијата во соседна Украина.

Против уставните реформи

Демонстрантите во Москва, пет години подоцна, затоа и носеа транспаренти на кои се бараше правда за Немцов, за да се утврди „вистинската вистина“ и посебно за да се откријат и осудат нарачателите на неговото убиство. Вакви протести се одржале и во Санкт Петерсбург, во Новосибирск и во Владивосток.

На протестите демонстрантите носеа и пароли против уставните реформи кои ги најави претседателот Путин кои иако се во фаза на „јавна дискусија“ сепак се верува дека станува збор за завршена работа. Со паролите било изразено несогласувањето од „вечното владеење“ (на Путин) и барало вистинска демократија.

Уставните реформи се смета дека имаат за цел да овозможат Путин да остане лидер на Русија и по истекот на неговиот сегашен претседателски мандат кој истекува во 2024 години. Тогаш тој (заедно со генералниот секретар на поранешната комунистичка партија на СССР, Леонид Брежнев) ќе стане руски политичар со најдолг стаж во врвот на власта. Вкупно ќе наполни 24 години. Од 2000 година, кога тогашниот претседател Борис Елцин го назначи за премиер на Русија.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Свет

Горе