Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Сезар почна и заврши со скандал

Denis Makarenko/BigStock.com

Сезар почна и заврши со скандал

Годинешново доделување на француската филмска награда Сезар, што е еднаква на наградата Оскар во Америка, заврши исто онака како што и започна – со скандал. И во двата случаи причина за годинешниве случувања околу оваа награда беше француско-полскиот режисер Роман Полански, ветеран во европската кинематографија.

Директен повод за бранувањата, пак, е неговиот последен филм „Обвинувам“ посветен на еден добро познат и вистинит настан од француската историја – аферата Драјфус – за која инаку досега се снимени неколку филмски верзии, уште од времето на црно-белиот филм.

Причината, меѓутоа, е врзана за самиот Полански и за она што го следи уште од крајот на седумдесеттите години на 20 век, кога режисерот беше обвинет за силување на малолетничка.

Револт против Полански

Побегна од САД за да не оди во затвор. Од тогаш Американците бараат да биде екстрадиран, но ниту Франција, а ниту Полска, чии државјанства поседува, одбиаат да им го предадат на американските правосудни власти. Сега веќе 86 годишниот режисер ги отфрла сите обвинувања, тврдејќи дека против него со години се води „хајка“.

Француските и полските власти продолжија да го заштитуваат и кога и една француска актерка, минатата година, го обвини за силување, извршено во 1975 година, кога таа имала 18 години.

Отворањето на прашањето на силувањата пред овој Сезар, се случи откако Полански беше номиниран за 12 награди Сезар за својот последен филм.

Тоа предизвика силен револт во француската јавност, па дури и една француска министерка ја осуди таквата одлука на Француската филмска академија и застана во одбрана на интегритетот на жените. И таа и сите другите поттикнати од она што се случи во САД (со осудувањето на Харви Вајнстајн) и од движењето „MeToo“.

Актерки ја напуштија церемонијата

Целиот Управен одбор на филмската академија поднесе оставка, а пред почетокот на доделувањето на наградите, пред салата се одржаа протести на жени кои бараа да се прекине со рехабилитацијата на човек кој треба да одговара на суд.

Полански претходно соопшти дека нема да присуствува на доделувањето на наградите Сезар, а на церемонијата не присуствуваше и ниту еден член од филмската екипа. Кога беше соопштено дека Полански ја добил наградата за најдобар режисер, се случи уште еден скандал – десетина француски актерки како и жени вклучени во филмски екипи, во знак на протест ја напуштија салата.

Младата актерка Адел Хенел која има признаено дека била сексуално злоупотребена од еден друг режисер изјави дека е срамота што Сезар продолжува од Полански да прави великан.

„Ова е одвратно. Па, тој им се смее во лице на сите свои жртви. Излегува дека силувањето и не е нешто што треба да се суди“ – има револтирано речено оваа актерка.

(П.Ф.)

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе