Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Берлускони многу младата партнерка ја замени за помлада!

European People's Party (https://commons.wikimedia.org/wiki/File:Silvio_Berlusconi_EPP_2017_1.jpg), „Silvio Berlusconi EPP 2017 1“, https://creativecommons.org/licenses/by/2.0/legalcode

Берлускони многу младата партнерка ја замени за помлада!

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони (84) одново предизвика бројни и весели коментари во италијанската јавност, кога станува збор за неговата слабост кон жените, за бројните брачни и вонбрачни врски и посебно за возраста на неговите избранички.

Се мислеше дека после сите скандали и обвинувања за врски со малолетнички, Берлускони, конечно, се има смирено, со оглед на своите години и тоа дека со својата последна партнерка, 34 годишната Франческа Паскале живее веќе 12 години.

Таа не стана негова трета сопруга, но политичарот и милијардер и има купено луксузна вила во која таа била почесто отколку во домот на Берлускони.

Сега се дозна и зошто. Самиот тој објави дека повеќе не е со својата досегашна партнерка Паскале и дека тие двајцата се разделиле, за да „вечно младиот“ Силвио биде постојано со уште помладата Марта Фачине.

Таа е поранешна манекенка и фото-модел, има само 30 години и е пратеник на неговата политичка партија Форца Италија, во италијанскиот Парламент.

Веста за новата „женска“ на партискиот лидер ја потврди и водството на партијата. Италијанските весници сега откриваат дека врската не е од скоро, дека Берлускони од поодамна ја има „бендисано“ и дека неговата (тогаш) соработничка останувала и да преноќи во куќата на богатиот политички лидер. Објаснувањето било дека тоа е најчесто се правело – од практични причини, за да Фачине му биде при рака, за работните состаноци, врзани за партијата и за нејзината активност.

Напуштената Паскале која со остарениот милијардер беше уште од нејзината 22 годишна возраст, изгледа дека сосема мирно ја примила разделбата. На новинарите само им изјавила дека на својот досегашен партнер – „му посакува среќа во овој свет“!

Силвио Берлускони беше суден и на крајот и осуден на седум години затвор за сексуални врски со малолетнички, на „лудите журки“ во неговите вили.

Казната, меѓутоа, подоцна му беше укината.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Екстра Глобал

Горе