Поврзете се со нас

Skopje Global

Свет

И Ворен во аут – сега трка на двајца

Sheila_F/BigStock.com

И Ворен во аут – сега трка на двајца

Американската сенаторка Елизабет Ворен објави дека се повлекува од трката за добивање демократска номинација за претседателските избори, оваа есен.

Ваквата нејзина одлука не претставува изненадување, по катастрофалниот резултат во клучниот „супер вторник“, кога демократските гласачи во 14 сојузни држави во САД, гласаа кој да биде нивниот кандидат во конечната трка за Белата куќа.

Ворен не победи во ниту една од сојузните држави, а доживеа уверлив пораз од Џо Бајден и во Масачусетс, од каде таа е избрана за сенатор.

Тоа, пак, значи дека истите гласачи кои и дале мандат да ги застапува во Сенатот на САД, сметат дека таа не може да биде претседателски кандидат на Демократската партија.

Останува да се анализира причината за нејзиниот пораз во трката меѓу демократските политичари, особено што таа на почетокот од изборниот процес, беше едно време и предводник на петнаесетината кандидати и по првите проверки кај гласачите, таа беше и пред Берни Сандерс, а уште повеќе пред сегашниот лидер Џо Бајден.

Таа важи за политичарка од левото крило на демократите, па и за левичар, според американските идеолошки стандарди.

Ворен сепак, не е во крајниот левичарски блок, како што сега, за овие претседателски избори се позиционира Сандерс, заговарајќи некаков американски демократски социјализам.

По одлуката да се повлече, Елизабет Ворен изјави дека, засега, се нема одлучено кому ќе му се приклони во натамошниот дел од трката во која останаа само двајца. Џо Бајден, поранешен потпретседател на САД, кога Барак Обама беше во Белата куќа и сенаторот од Вермонт Берни Сандерс.

Пред Ворен од изборниот процес се повлекоа и Мајкл Блумберг, Бепо О Рурк, Пит Битиџиџ и Ејми Клобучар. Сите тие соопштија дека сега ќе застануваат зад кандидатурата на Бајден.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Свет

Горе