Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Синот против автобиографијата на таткото Вуди Ален

Denis Makarenko/BigStock.com

Синот против автобиографијата на таткото Вуди Ален

Ронан Фароу, син на режисерот, сценарист и актер Вуди Ален, од бракот со актерката Миа Фароу, јавно се спротивстави против објавувањето на книгата-автобиографија на таткото и ја осуди издавачката куќа што со одлучила да го публикува книжевното дело на Ален.

Синот Ронан и самиот е писател, а во американската јавност стана познат по книгата „Catch and Kill“ („Фати и Убиј“) која ја има издадено издавачката куќа „Хачет“, во која тој прв во САД, го отвори случајот со продуцентот Харви Вајнстајн, за сексуалното насилство врз жените.

Истата куќа сега се подготвува да ја издаде и автобиографијата на Вуди Ален, што предизвика гневна реакција на Ронан кој ја прекорува „Хачет“ за, како што вели, елементарна непрофесионалност. Затоа што не ја провериле содржината на книгата на неговиот татко Ален.

„Требаше претходно, барем да ја контактираат мојата сестра Дилан Фароу (34), за да ги споредат нејзината верзија за настаните и случувањата, со она што во автобиографијата го пишува Ален“ – рекол Ронан Фароу.

Станува збор за обвинувањето – на два пати изнесено – од Дилан, која инаку е усвоено дете на Вуди и Миа, дека во 1992 година, кога имала само седум години, била сексуално малтретирана од таткото – филмски режисер!

Според Ронан Фароу, таквата постапка на издавачката куќа претставува „недостиг на етичност и на сочувство со жртвите на сексуалното насилство“.

Тој одамна ги има прекинато сите врски со таткото. Што се однесува до него, тој на два пати досега ги отфрлаше ваквите обвинувања на посвоената ќерка како „измислици“. Вуди Ален за ваквата реакција на Ронан и на Дилан Фароу ја обвинува својата поранешна сопруга – Миа Фароу.

„Сето ова е нејзино масло. Обвинувањата на Ронан и Дилан се прават под нејзино влијание“ – рекол Вуди Ален.

Автобиографската книга треба да се појави следниот месец, но од појавувањето на движењето “MeToo” познатиот филмски режисер на неколкупати беше обвинуван за сексуално насилство.

Голем скандал во јавноста своевремено предизвика неговата одлука да стапи во брак со младата Јужнокорејка, која претходно ја имаше усвоено.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе