Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Мемоарите на Вуди Ален сепак блокирани

Denis Makarenko/BigStock.com

Мемоарите на Вуди Ален сепак блокирани

Издавачката куќа од Њујорк која најави дека ќе ја издаде автобиографската книга на познатиот американски режисер Вуди Ален, соопшти дека се откажала од издавањето на книгата.

Според официјалното соопштение, ваквата одлука била донесена после бурните критики во јавноста и по консултацијата на управниот одбор.

На ваквата одлука се верува дека има влијаено и протестот на десетици вработени во издавачката куќа кои не се согласуваа да биде издадена книгата на Ален.

Лавината од критики избувна откако синот на режисерот, Ронан Фароу, инаку новинар и добитник на Пулицеровата награда за книга во која прв го отвора случајот со сега веќе осудениот холивудски продуцент Харви Вајнстајн, се спротивстави да биде издадена книгата мемоари на неговиот татко.

Причината за ваквата реакција беше што издавачот воопшто ја нема консултирано неговата сестра Дилан Фароу, за да се споредат нејзината и верзијата на Ален околу нејзиното, на неколку пати повторено обвинување против очувот Вуди Ален.

Дилан тврди дека кога имала седум години, нејзиниот очув, тогаш сопруг на Миа Фароу извршил врз неа сексуално насилство.

Последен пат, таа го има обвинето Ален во 2018 година. Режисерот и порано и сега ги отфрла сите обвинувања, но нејзината мајка, актерката Миа Фароу и синот Ронан, кој од поодамна ги има прекинато сите врски со својот татко и веруваат на Дилан Фароу.

Во автобиографијата, Вуди Ален зборува за својот живот, за работата во светот на филмот, како режисер, сценарист и актер и за приватниот живот.

Низа познати издавачки куќи во САД не сакаат да ја издадат книгата. Откако избувна аферата Вајнстајн, повеќе жени го обвинуваа Ален за сексуално насилство.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Екстра Глобал

Горе